Носталгичниот Херман, хигиеничар на Универзитетот во Бристол,  им раскажувал на студентите како му недостасува неговиот дом и семејството во Јамајка, а особено неговиот вујко Џорџ. Тој заминал од Јамајка кога имал само 12 години, но никогаш не ги заборавил деновите од детството во Голд Стрит, Кингстаун.

Студентите формирале страница за донации, која добила повеќе од 230 донации, со кои Херман и неговата сопруга Денис ќе можат да одат на Јамајка, една недела. Гордон изјавил: „Не сум видел толку многу пари во мојот живот. Има доволно пари тука за две недели, преговарам со туристички агент за да добијам добар договор.“

Хигиеничарот на Универзитетот во Бристол на кој му биле дадени 1.700 евра од страна на студентите, за да го посети семејството во Јамајка изјавил дека сѐ уште се тресе од шок поради убавиот гест.

65-годишниот Херман Гордон се расплакал кога му бил врачен пликот во кој биле парите со кои требал да се врати дома на одмор.

Повеќе од 230 студенти уплатиле донации на онлајн страна која го опишува Херман како „олицетворение на среќата“ за само неколку дена.

Тој вели: „Се обидувам да ги охрабрам студентите ако видам дека им е тешко, не знам ништо за правото или науката, но знам малку за животот. Ако можам малку да ги мотивирам, тоа ме прави многу среќен. Им кажувам за моите искуства, верувам во Бога, па го благословувам нивниот ден.“

Г-дин Гордон, кој живее во Бристол, го проверил неговиот пасош дали е важечки, откако го добил неверојатниот подарок: „Важечки е, па јас сум подготвен да тргнам, сè што треба да направам е да спакувам торба. Но, можам да почекам до крајот на летната сезона, ќе биде малку поевтино тогаш. Сѐ уште се тресам од шок, најмногу пари што сум ги видел беа 250 фунти кога бев платен во готовина во фабрика.“

Сподели на Facebook
пати видено