Многу луѓе дошле и си заминале од Белата куќа, но што е со луѓето кои работат во позадина и поради кои всушност сѐ функционира толку добро?

Сите претпоставуваат дека претседателот на САД ги има најдобрите јадења, ама никој не претпоставува дека ги прави ваков готвач.

Андре Раш е познат како еден од најдобрите готвачи во војската на САД, и се пензионира како главен наредник.

Тој исто така беше член на тимот за кулинарски уметности во САД, каде што се натпреваруваше и освои 150 медали и трофеи. Тој прави 2.222 склекови неделно и готви за претседателот.

Андре Раш има диплома за бизнис менаџмент од TUI; Вонредна диплома од Универзитетот за Кулинарство Стафорд. Тој готви за елитата уште од 1997 година, а кариерата ја започнал во 1994 година.

Сепак луѓето не можат да одолеат а да не се пошегуваат на сметка на набилданиот готвач, кој изгледа како да е спремен во секој момент да прими куршум за претседателот. Погледнете ги фотографиите во продолжение:

Сподели на Facebook
пати видено