Приказната за автомобилот од соништата на Сергеј од белоруското село Береза започнала со еден стар 2.5-литарски V6 мотор од Форд Кугар Спорт Купе, кој не сакал да го фрли. Автомобилот го потсетил на стариот и заборавен концепт модел на Ферари од детството, наречен Изолда. Така ентузијастот, бивш воен радио-инженер, решил да се фати за работа и да и го оствари сонот од детството.

По завршувањето на службата во војската, Сергеј си отворил автомеханичарска работилница, а стариот мотор му го подарила една госпоѓа која си купила нов и не и требал. Останатите делови ги собрал од други автомобили, нешто испечтил на 3Д печатач, а светлата дури ги изработил сам од епоксидна смола.

Автомобилот работи беспрекорно, а единствен проблем е што сопственикот мора да го вози илегално, затоа што не може да го регистрира.

Сподели на Facebook
пати видено