Полицајците во Мисури заедно со кучиња трагачи барале човек кој бил осомничен за поседување на нелегални супстанци. Тие очекувале да го пронајдат, но не на овој начин.

Полицајците објавија на својата Фејсбук страна објава која донесе многу насмевки на лицата на луѓето, освен секако на човекот кој бил уапсен. Додека полицајците го барале осомничениот, тој се криел во близина и „прднал“ толку силно што и полицајците и кучињата веднаш го слушнале и „намирисале“.

„Ако има налог за твое апсење, полицајците те бараат и ти испуштиш гас толку гласно што ти го открива местото на криење тогаш дефинитивно имаш сра*е ден. #Сеслучи“, напишале од полицијата на Клеј Каунти.

За среќа немало проблеми при апсењето и осомничениот бил однесен во притвор. Не се знае дали продолжил и по патот да испушта гасови 🙂

Сподели на Facebook
пати видено