„Адам бил обичен човек. Тој не го посакал јаболкото поради самото тоа, туку затоа што било забрането. Ако била забранета змијата ќе ја изел и неа.“, напишал Марк Твен. И сега ние ќе побараме од Вас да не мислите на бела мечка додека ги читате следните редови. Не успеавте, нели? Причината поради која мислите на бела мечка најверојатно била и причината поради која сте посакале да го прочитате овој текст.

Обратната психологија може да биде исклучително моќна алатка. Во 17 век луѓето од високата класа на општеството се хранеле со компири. Посиромашните имале големи предрасуди за компирите, мислеле дека се невкусни или дури отровни. За време на револуцијата во Франција, резервите на храна во Англија завршиле, а на земјата и се заканувал глад. Владата се обидувала да ги убеди граѓаните да јадат повеќе компири, од кои имало многу. И покрај нивната ревност, сепак, луѓето едноставно не се согласувале да јадат компири.

Ситуацијата била иста и во многу други земји од Европа, но на крајот се нашол човек кој да го решил проблемот. Овој човек бил кралот на Прусија – Фридрих II. Тој го видел големиот потенцијал на компирите, со кои можело многу поевтино да нахрани целото население. Во 1774 година, тој наредил да се зголеми приносот на компирот: “Компирот нема ниту мирис ниту вкус, дури и кучињата не би сакале да ги јадат. Која е користа од нив за нас? “, тоа бил одговорот на граѓаните. Тогаш Фридрих II смислил план. Тој засадил едно од своите полиња со компири и дури ставил стражари да го чуваат. Луѓето станале љубопитни. Каква е таа храна, која е толку вредна за да биде чувана? Набргу потоа, како што предвидел Фридрих II, локалните бандити почнале да крадат компири и да ги продаваат по висока цена. Само денови подоцна целиот град јадел од кралскиот компир. Планот функционирал совршено, бидејќи на луѓето им било забрането да јадат од храната и одеднаш сите сакале да се хранат со компири.

Тајната лежи во човечкиот отпор. Луѓето се плашат од губење на слободата и ние сме подготвени да сториме сé за да ја задржиме. Ако некој ја загрози нашата слобода, реагираме затоа што се плашиме. Обратната психологија функционира толку добро, бидејќи кога ќе му се заканите на некого со неговата слобода, неговата природна реакција е да се најде начин да ја врати и да докаже дека е невозможно да му ја одземете.

Најголемиот пример сепак, доаѓа од историјата на древна Кина. Во својата книга Уметноста на војната, Сун Цу пишува: „Покажи дека си слаб кога си силен и покажи дека си силен кога си слаб“. За време на трите кралства во Кина, имало период кога лидерите биле во војна, а еден од нив, Чуи Лианг, бил познат како вешт стратег. Чуе Лианг се затворил во една тврдина со само неколку војници. Кога неговиот непријател Сима сфатил каде бил и колку малку луѓе имал со него, тој тргнал кон тврдината со стотици мажи за да ја освои, но Лианг слушнал за тоа пред да пристигне Сима. Наместо да ги заклучи сите врати и да ги стави своите неколку војници на позиции, тој смислил неверојатен план кој вклучува обратна психологија.

Лианг наредил сите порти да бидат широко отворени, а неговите војници да се маскираат како селани и да чистат наоколу со метли. Тој самиот стоел на врвот на тврдината, чекајќи ја војската на непријателот што му се приближувала. Кога пристигнал Сима, тој бил поздравен со отворени порти. Тој веднаш почувствувал дека е заробен и мислел дека Лианг ја скрил својата војска меѓу дрвјата околу него, кои ќе ја опколат непријателската војска од сите страни. Тој им наредил на своите војници да се регрупираат и да бидат внимателни поради стапицата која што всушност не постоела. Вониците се исплашиле од големата опасност за која зборувал водачот стравот во очите им се видел оддалеку. Значи, со користење на обратна психологија Лианг успеал да го потисне нападот кој инаку би бил сосема смртоносен.

Од древна Кина до модерните реклами кои нè предупредуваат да не престојуваме во тој хотел или да не се запишуваме на универзитет, обратната психологија е насекаде и функционира совршено.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено