Сексот никогаш не е премногу, но постојат определени ситуации кога сексот ќе ви годи повеќе од обично, велат експертите. Еве на што поточно мислат.

sx

1. Воочи важна презентација

Еве како би можеле да растурите на следната презентација, промоција или било каков јавен настап: истражувањата покажале дека сексот ги смирува нервите, ги намалува крвниот притисок и стресот. Дури постојат истражувања во кои се покажува дека луѓето кои имале сексуален однос пред јавниот говор се посмирени од оние кои „останале суви“.

2. По будењето

Вашето тело е создадено за утрински секс.

„Освен што нивото на енергијата и тестостеронот е зголемено во утринските часови, зголемувањето на окситоцинот, хормон кој го нарекуваат хормон на љубовта, ќе направи цел ден да се чувствувате поврзани со вашата партнерка, а ендорфинот ќе ве одржува во добро расположение“, вели д-р Џесика О`Рајли, експерт за секс.

3. Кога насетувате настинка

Иако се чини контрапродуктивно, истражувањата покажале дека сексот всушност веднаш го зајакнува имунитетот.

4. Да живее втората седмица од менструалниот циклус!

Истражувачите тврдат дека другата седмица од менструалниот циклус е идеален за секс, бидејќи клиторисот тогаш е до 20 отсто поголем и многу полесно ќе ја возбудите. Со други зборови, полесно ќе доживее оргазам. Тоа е времето и кога почнува овулацијата, така што има смисла што нејзиното тело копнее за секс.

5. По враќање од теретана

Вашето тело тогаш „пука“ од тестостерон – најважниот сексуален хормон. Спред тоа, вашата сексуална желба ќе биде уште посилна кога откако чесно ќе се испотите. Вежбањето помага и за жените: истражувачите од Тексашкиот универзитет потврдиле дека протокот на крв кон женските гениталии се зголемува дури до 169 посто по вежбање.

6. По лош ден

Ако сакате да се ослободите од стресот по напорниот ден, тогаш сексот е многу поздрав избор отколку да се напиете пиво во локалната биртија. Истражувачите тврдат дека сексот или некој други вид на телесна блискост – како држење за рака -забележлиов го поправа расположението и го намалува стресот. Покрај тоа, напнатоста и фрустрацијата дури можат и да ви помогнат во креветот, сѐ додека самиот партнер не е причина за тоа.

7. По адреналинска возбуда

Еден од најдобрите моменти за секс е после возбудливо случување, на пример по гледање хорор филм, планинарење, брзо возење велосипед и сл.

„Кога адреналинот пумпа, вашето тело се наоѓа на зголемен степен на напнатост, па според тоа е засилена и сексуалната желба“, објаснува О`Рајли.

Сподели на Facebook
пати видено