Многу жени сонуваат за пополни и посочни усни. Но една самохрана мајка потрошила близу 2300 евра на зголемување на усните со цел да го оствари својот сон. На Алиа Брн од Ливерпул и вбризгале 6,5 милилитри дермални пополнувања во рамките на само една година, и сега и тоа ѝ е малку.

30-годишната Алиа признава дека луѓето чудно ја гледаат и ја критикуваат, но вели дека сака усните да ѝ бидат уште поголеми. Таа објаснува:
„Моите нови усни ми донесоа толку многу самодоверба. Понекогаш гледаат во мене на улица и мајка ми ми кажа да престанам со пополнувањето на усните. Но, тоа не ми пречи. Мој живот си е, мои усни и не ми е грижа.“

Самохраната мајка Алиа која има двегодишен син, вели дека работата со усните е единственото време кое си го посветува себеси.
„Јас сум добра мајка и ова е единственото нешто на кое трошам пари за мене, па така не треба да ми судат за моите зголемени усни. Сѐ што имам оди за моето дете. Отсекогаш сум го живеела животот за мојот син и усните беа единственото нешто што сум го сторила само за мене“, објаснува таа.

Алиа вели дека пред третманот таа се почувствувала неверојатно несигурно поради нејзините „тенки усни“ и на својот 29-ти роденден решила да стори нешто во врска со тоа.
„Ќе ги гледав другите девојки на Инстаграм со нивните големи усни и си мислев, о да, би сакала и јас, но бев одговорна и не сакав да трошам пари на мене. Првиот пат ги искористив парите од мојот роденден, кои ми ги дадоа мајка ми и сестра ми. По третманот веднаш се навлеков. Но, бев раочарана што не испаднаа толку големи колку што сакав.“

