Дали сте си помислиле што е тоа што понекогаш ве тера да се чувствувате тажни? Што е тоа што ве тера да чувствувате замор и излишна напнатост? Зошто има мигови во кои мислите дека сте нецелосни? Но, самите вие и вашите тврди убедувања најчесто се единствената причина за тоа. Многу често сме премногу сурови кон себеси и тоа може да не направи исклучително несреќни. Еве кои се навиките кои треба да ги искорениме за да водиме спокоен и мирен живот.

sv03

Живеење во минатото

Ова е една од најсериозните грешки со кои ја оптоваруваме нашата психа и душа. Треба да разберете дека убавината на животот се крие во неизвесното и во тоа што какви и планови да кроите, никогаш не можете да бидете сигурни што ќе се случи. Често најубавите мигови во животот ни се случуваат кога воопшто не ги очекуваме, поради што осознаваме што се случило дури откога ќе измине извесно време и така постепено во нас се засилува копнежот да го вратиме времето назад и барем уште еднаш да ги преживееме среќните мигови. Но, бидете убедени дека тоа е повеќе од погрешно за вашето психичко здравје. Судбината си ја знае работата и во животот ни се случува точно тоа што треба да ни се случи. Имајте доверба во неа.

Одржување токсични врски

sv04

Понекогаш некои луѓе и нивните сфаќања се разминуваат и тоа е сосема нормално. Ако не се разбирате лесно со некого, просто престанете да правите обиди, колку и да ви е тешко тоа.

Постојано извинување

Еден од најсигурните начини да натерате некого да престане да ве почитува е да почнете да покажувате неувереност и сомнежи во себеси и тоа коешто го правите. Ако сте од тие луѓе кои се извинуваат за сѐ и сешто, дури и за нешта коишто не носат вина, престанете со тоа час поскоро. Во спротивен случај на другите воопшто нема да им биде тешко да ви наметнуваат вина за сѐ и вие ќе се чувствувате бесполезни и многу тажни. Извинувајте се и барајте прошка само тогаш кога сте сигурни дека сте згрешиле.

Вклопување по секоја цена

sv01

Желбата да се вклопите насекаде може да ве обезличи и да разбуди многу излишни колебања во вас. Луѓето се толку различни и токму благодарение на тоа светот е едно шарено и интересно место, исполнето со многу контрасти. Наивно е да мислите дека можете да натерате секого да му се допаѓате и да ве сака. Никогаш не жртвувајте го вашиот карактер и вашите гледишта само за да се вклопите некаде.

Потценувањето на добриот сон

sv02

Во денешно време голем дел од човештвото страда од несоница и хроничен замор, а тоа е многу сериозен проблем, кој во никој случај не треба да го пренебрегнувате. Пред сѐ погрижете се да си обезбедите добар сон и одмор, а дури потоа за сѐ останато.

Чувањето на стари и непотребни нешта

Манијата по материјалноста е многу напорна и пречи во одржувањето на домот во чиста и пријатна состојба. Сепак, ако не исфрлите некои од старите нешта, нема да дадете возмошност во вашиот дом да влезе нешто ново и прекрасно кое ќе ве исполни со радост. По некое време ќе забележите дека сте опкружени со старудии и тоа ќе направи да се почувствувате потиснати.

Сподели на Facebook
пати видено