Сите сакаат да бидат среќни. Затоа „науката за среќа“ добива се поголемо внимание во последниве години. Истражувачите почнаа да продуцираат извештаи за среќата низ целиот свет, а позитивната психологија, која се фокусира на тоа што ги прави луѓето и заедниците задоволни и среќни стекна голема популарност. Истражувачите сметаат дека околу 40% од нашата среќа е под наша контрола. Остатокот се определува со генетика и надворешни фактори. Тоа значи дека можеме многу да направиме за да ја контролираме сопствената среќа.

1. Врските се од суштинско значење. Едно големо истражување следело сторици мажи кои имаат повеќе од 70 години и открија дека најсреќните и најздравите се оние кои имале силна врска со луѓето на кои што им верувале и знаеле дека се тука за нив.

2. Времето пред парите. Голем број на истражувања покажале дека посреќните луѓе претпочитаат да имаат повеќе време во својот живот отколку повеќе пари. Дури и самиот таков пристап на животот и размислувањето ги прави луѓето посреќни.

3. Но, би било добро доколку имате доволно пари за да ги платите сметките. Благосостојбата на луѓето се зголемува заедно со нивото на приходи од годишна плата која би требала да биде околу 75.000 долари, но секако тоа зависи од трошоците за живот и стандардот.

4. Вреди да застанете и да ги помирисате розите. Луѓето кои успоруваат за да размислуваат за добрите нешта во животот се посреќни.

5. Љубезноста го зголемува расположението. Префрлете го пријателот до работа или пак волонтирајте некаде. Некои истражувања покажале дека луѓето кои што извршуваат вакви дека се посреќни.

6. Спортувањето е повеќе од согорување на калории. Истражувањата покажале дека зголемените нивоа на физичка активност се поврзани со повисоките нивоа на среќа. Вежбањето помага да се ублажат симптомите на некои ментални болести.

7. Забавата е повредна од материјалните предмети. Луѓето имаат тенденција да бидат посреќни ако ги трошат парите на искуства наместо на нештата. Истражувачите исто така откриле дека купувањето работи кои овозможуваат искуства – како што се скиите или нова книга за читање – исто така можат да ја зголемат среќата.

8. Останете присутни во моментот. Неколку истражувања покажале дека луѓето кои практикуваат медитација чувствуваат поголема благосостојба.

9. Времето со пријателите е добро потрошено време. Интеракциите со пријатели можат да ги направат луѓето посреќни, а блиските пријателства, особено со среќните луѓе, можат да имаат силен ефект и врз сопствената среќа.

Сподели на Facebook
пати видено