Како тинејџер, Даниел Нимс имал страст за науката и астрономијата, па затоа не било изненадување кога неговата професија го одвела во полето на науката. Денес, Немес е научник и пронаоѓач во Колумбија, при што тврди дека ја има технологијата за фотографирање на повеќедимензионални суштества.

Даниел вели дека неговиот интерес во мултидимензионалниот универзум започнал откако статија од списание му го привлекла вниманието за Темната материја на универзумот. Потоа добил идеја за осмислување на технологија, преку оптички експерименти заедно со математички пресметки што ќе му овозможи да направи фотографии од повеќедимензионални суштества.

Тој се разбирал во технологиите за фотографство, како што се црна светлина, инфрацрвена, ултравиолетова и слично, но сепак тој отишол еден чекор понапред и нашол начин да го опфати непознатото што е многу посупериорно. Името на неговата технологија е „Energivision“. Даниел комбинирал специјални леќи, заедно со сончева светлина од природата и екрани кои се ултрасензитивни, кои што тој самиот ги измислил. Со неговиот изум, Нимс тврди дека може да прави фотографии кои се од непознато потекло, фотографиите доаѓаат од други светови и покажуваат мултидимензионални суштества.

НАСА и други компании сигурно сакаат да ја преземат таквата технологија, но Нимс вели дека не го изложува својот изум, но тој се обидел да ја направи научната заедница свесна за неговото постоење. Даниел, исто така, тврди дека медиумите го замолкнале неговото откритие и фотографиите за кои тој тврди дека ги направил со користење на неговата технологија.

Тој објавил многу фотографии преку Фејсбук и открил дека од 2015 година објавил повеќе од 1000 фотографии на неговата страница. Научникот вели дека кон него биле насочени многу навреди и отфрлања од страна на неговите колеги.

Не можеме да негираме дека фотографиите се чудни и речиси во сите нив, можно е да се видат чудни фигури или лица. Има многу карактеристики на лицето, како што се очите, носот, усните и сл. Некои изгледаат како демони, а некои се комични или страшни.

Без разлика дали се лица и тела на повеќедимензионални суштества од непознати светови, останува да се докаже, едно е сигурно, фотографиите се интересни за гледање.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено