Оваа мистериозна цивилизација ги интригира археолозите со децении. Цивилизацијата од долината на реката Инд – најголемата, а сепак најмалку истражената од сите рани големи урбани култури – цветала во периодот од 2600 до 1900 г. пр.н.е., и наеднаш исчезнала од историските записи. Многу малку се знае за народот, кој за чудо не оставил никакви археолошки сведошвтва за војни и комуницирале со помош на едно од најсложените писма во светот.

Еден експерт сега верува дека можеби сме поблиску до дешифрирање на древното писмо со употребата на дигитална технологија која може да открива обрасци во невообичаените симболи.

Пишувајќи за тоа во детали во списанието „Природа“, Ендрју Робинсон, автор на „Инд: загубените цивилизации“ вели дека истражувањето на древното царство драматично напреднало.

и01

Царството од Инд се протегало на 2.5 милиони километри по долината на реката Инд од Арапското Море до Ганг, преку она што денес е Пакистан, северозападна Индија и источен Авганистан. Како и нивните современици, припадниците на Инд цивилизацијата – кои можеби сочинувале десет отсто од светското население, живееле во близина на реките, должејќи ги нивните богатства на плодноста на крајречното земјиште. Но, остатоци од нивни населби се наоѓаат и во пространиот пустински регион, далеку од било каква река.

и02

Биле заборавени сѐ до 1920-те, но оттогаш, засилените истражувања откриле софистицирана урбана култура со илјадници трговски патишта. До сега се откриени повеќе од илјада населби низ Пакистан и северозападна Индија. Двете најголеми населби се Мохенџо-даро и Харапа, во близина на реката Инд.

и03

„Во нив се наоѓале првите познати тоалети, заедно со сложенo изработени камени тегови, деликатни ѓердани од скапоцени камења и раскошно украсени камени печати“, пишува Робинсон во својата статија.

Во овие артефакти се врежани симболи од неразбирливо писмо кое се состоело од 400-600 различни знаци. „Штом еднаш ќе се видат, тешко се забораваат. Кога во 1980-те бев ангажиран од познат продуцент на документарни филмови да го истражам писмото од Инд, бев обземен“, се присетува Робинсон.

и04 и05

Севкупно земено, академскиот свет објавил над 100 обиди да се дешифрира писмото, а сега истражувачите можеби се близу до конечното одгонетнување на неговото значење. На пример, во последните години со проучување на поставеноста на знаците на различни натписи се утврдило дека насоката на пишување била од десно кон лево. Робинсон истакнува дека Техничкиот Универзитет на Берлин ја создал првиот јавно достапен електронски корпус на текстовите од Инд. Во меѓувреме, компјутерскиот научник Раџеш Рао од Вашингтоновиот универзитет започнал со длабока дигитална анализа со цел да најде обрасци во симболите.

и06

Тимот го пресметал количеството на случајно повторување во писмото со помош на компјутерскиот програмски јазик Фортран. Откриле дека писмото од Инд е најслично на сумерското клинесто писмо. Но, дешифрирањето на писмото не претставува само интелектуална загатка, туку е и длабоко поврзано со културната историја на јужна Азија.

„Всушност, писмото стана повод за расправија помеѓу три различни групи на луѓе“, вели Раџеш Рао. „Прво, има група на луѓе кои се многу страсни во своето верување дека писмото од Инд не претставува никаков јазик. Има втора група на луѓе кои веруваат дека писмото претставува индоевропски јазик, и последната група се луѓето кои веруваат дека луѓето од Инд биле предците на луѓето кои денес живеат во јужна Индија.“

и07

Покрај тешкотијата на дешифрирањето на текстот, никој не знае зошто толку голема цивилизација како таа исчезнала без никаков траг. Според една теорија поставена во 2012 година, климатските промени довеле до колапс на цивилизацијата пред повеќе од 4000 години. Истражувањето исто така донесува решение и за долгата дебата за судбината на Сарасвати, свтата река во хиндуистичката митологија, како што веруваат авторите на научната статија.

и08

Повеќе од пет години, меѓународен тим комбинирал сателитски фотографиии со топографски податоци за да направат дигитални мапи на релјефот образуван од Инд и соседните реки. Потоа го сондирале теренот и биле земени примероци.

Коавторот Дориан Фулер, археолог од Универзитетскиот колеџ на Лондон, вели: „Штом ја добивме новата информација за геолошката историја, можевме да го преиспитаме тоа што го знаеме за населбите. Тоа донесе нови сознанија за процесот на преместување на населението кон исток, промената кон многу помали земјоделски и сточарски заедници, и опаѓањето на значењето на градовите во времето на доцниот Харапан.“

Студијата сугерира дека намалувањето на монсунските дождови ја ослабило речната динамика и одиграло клучна улога во развојот и опаѓањето на културата на Инд. Што и да се случило, останува многу да се дознае за оваа голема цивилизација.

„Продолжуваат да се наоѓаат нови натписи на тлото на Пакистан и Индија, иако досега ниеден текст не содржи повеќе од 26 знака“, вели Робинсон. „За жал, досега се откопани помалку од десет отсто од познатите локалитети. Тешкотијата, покрај финансирањето, пред сѐ лежи во политичката проблематичност на регионот. Кога и останатите локалитети би можеле да бидат ископани, истражувачите би можеле конечно да ги одгатнат тајните на писмото од Инд.

и09

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено