Како интересна потврда на старата изрека, научниците открија дека очите навистина се прозорец кон душата на човекот. Или во најмала рака ја отсликуваат нашата личност.

Научниците при универзитетот Оребро во Шведска ги споредиле ирисите на 428 субјекти со нивните лични особини за да видат дали структурата на нивниот ирис ги отсликува нивните карактери. Ги проучувале обрасците по кои се распоредени криптите, нишки кои се шират од зеницата, како и браздите околу работ кои се формираат кога зениците се шират.

Нивните наоди покажале дека тие со густо збиени крипти биле пофини, добродушни и доверливи. Тие со збиени бразди вообичаено биле нервозни и импулсивни. Истражувачите тврад дека структурата на окото и личноста можеби се поврзани поради гените кои се одговорни за развојот на ирисот. Истите тие гени се одговорни и за развивање на предниот дел од мозокот кој влијае врз личноста.

Нивните резултати ќе се објават во „Американскиот журнал на биолошка психологија“.

„Нашите резултати сугерираат дека разликите во особеностите на ирисот се совпаѓаат и со разликите на личноста.“ – вели Мат Ларсон, бихејвиористички научник кој го предводи истражувањето. „Разликите во ирисот можат да бидат употребени како биомаркери кои ги отсликуват разликите помеѓу луѓето.“

554ddb4f172b9a2ec7b41d3b8e68c905

Сподели на Facebook
пати видено