Неколку килограми плус имаат многу поголемо влијание врз нашето тело отколку само менување на изгледот. Кило плус во текот на годината можеби изгледа неважно, но собирањето на овие килограми може да доведе до лоши последици.

Вкусот за храна отапува кај луѓето со прекумерена тежина, тие можат да станат депресивни и анксиозни и да имаат долготрајни или краткотрајни проблеми со дишењето, со плодноста и срцето.

1. Чувството за вкус отапува и води до прекумерена тежина

Можеби ни се чини дека добиваме вишок на килограми затоа што храната ни изгледа повкусна, но тоа не е вистина. Прекумерената тежина го намалува чувството за вкус за 25% и затоа луѓето конзумираат повеќе храна со надеж дека повторно ќе го почувствуваат истиот вкус како некогаш.

2. Мигрените се јавуваат почесто

Зголемувањето на телесната тежина ги зголемува вашите шанси за појава на ненадејна главоболка. Според американската фондација за мигрена, луѓето со дебелина страдаат од хронична мигрена почесто од другите. Важно: Дебелината не предизвикува мигрена, но тоа е фактор на ризик.

3. Повеќе холестерол се собира во вашата крв

Вашето тело има потреба од холестерол за да изгради здрава клетка, но високи нивоа на холестерол може да го зголемат ризикот од срцеви заболувања. Зголемувањето на телесната тежина го прави вашето тело да развие висок холестерол и го зголемува ризикот да има масни наслаги во крвните садови. Ова го зголемува ризикот од срцев удар и мозочен удар.

4. Може да се чувствувате подепресивни секој ден

Според истражувањето постои силна врска помеѓу депресијата и зголемувањето на телесната тежина. Добивањето на тежината има психолошко влијание и ова предизвикува депресија, особено кај жените. Друга студија вели дека луѓето со прекумерна тежина имаат 55% поголем ризик за развој на депресија за време на нивниот живот отколку другите луѓе.

5. Може да имате проблеми со зачнувањето

Една од најопасните последици од добивање на повеќе килограми за жената е зголемен ризик од неплодност. Екстра масното ткиво доведува до хормонален дисбаланс. Ова влијае на менструалниот циклус на жената и на квалитетот на нејзините јајце клетки.

6. Мускулите отекуваат

Зголемувањето на телесната тежина доведува до дефицит на витамин Д, важен хранлив елемент кој му помага на телото да го апсорбира калциумот и да го промовира растот на коските, помага во лекувањето на автоимуните болести, ракот и хроничната болка и се бори против депресијата. Луѓето со недостаток на витамин Д доживуваат болки во мускулите на повеќе локации.

7. Ќе почнете да грчите гласно

Можеби да мислиме дека кога ќе ни се зголеми тежината, се депонира во само некои делови од нашето тело, но се дистрибуира низ целото тело. Таа исто така се појавува во близина на пределот на грлото и вратот и води до стеснување на воздушниот премин.

8. Екстра килограми доведуваат до промена на ДНК

Иако нашите гени не се менуваат во текот на нашите животи, нашиот животен стил може да влијае врз нив, според Helmholtz Zentrum Muenchen. Добивањето на тежината може да ја промени нашата ДНК и може да има поопасни последици отколку што изгледа. Оваа промена доведува до зголемен ризик од дијабетес тип 2, како за родителите, така и за нивните деца.

9. Проблеми со често мокрење

Ако сте забележале дека сте почнале да одите во тоалетот повеќе од вообичаено, можеби ќе треба да обрнете внимание на тоа. Ова може да биде знак за бубрежна болест и може да биде предизвикано од вишокот килограми што сте ги стекнале. Луѓето со прекумерена тежина имаат 7 пати поголеми шанси да имаат проблеми со бубрезите, па дури и откажување на бубрезите, според истражувањето направено од Универзитетот во Калифорнија – Сан Франциско.

10. Клетките понекогаш стануваат канцерогени

Зголемувањето на телесната тежина не гарантира дека ќе добиете рак, но тоа сериозно го зголемува ризикот, според студиите. Неквалитетна исхрана, пушење и пиење алкохол исто така го зголемуваат ризикот од рак и ве ставаат во опасност.

Сподели на Facebook
пати видено