Не, вие не влеговте случајно во временска машина, сѐ уште сме во 2019 година, каде што освен што владее тотален хаос се случуваат и неверојатни технолошики напредоци. Секако наместо да се осврнуваме на лошото, треба да знаете дека научници од Калифорнија созадоа импресивни роботски контактни леќи.

Додека повеќето „меки“ роботи треба да бидат претходно програмирани или контролирани рачно, истражувачите од Универзитетот во Калифорнија Сан Диего успеаја да создадат леќи што ги имитира природните електрични сигнали во човечкото око.

Тие беа во можност да го сторат тоа со употреба на природното електрично полнење – што е активно дури и кога самото око е затворено – да го контролираат уредот. Како? Со мерење на електричниот потенцијал на окото, наречен електро-окулографски сигнал, а потоа направија леќи кои реагираат на таа активност.

Главниот истражувач Шенгианг Каи од универзитетот вели: „Дури и ако вашето око не може да види ништо, многу луѓе сè уште можат да го движат окото и да го генерираат овој електро-окулографски сигнал. Леќата, која е направена од полимери што се прошируваат кога се применува електрична струја, се контролира со употреба на пет електроди што го опкружуваат окото кои делуваат како мускули.“

Неверојатно, според истражувањето леќата може да се префрли помеѓу „режимот на зумирање“ и „режимот на гледање на далечина“ од страна на корисникот така што ќе трепка двапати, бидејќи тоа ќе предизвика промена на фокусна должина. Во рамките на секој режим на визија, леќите може да се движат по насоката на движењето на окото.

Сподели на Facebook
пати видено