Ракијата е извор на здравје и долговечност, доколку не претеруваме и не ја злоупотребуваме! До таков заклучок дошле научници од универзитетите во Берн и Копенхаген, а на Швајцарците и Данците им се придружиле и специјалисти од Медицинскиот универзитет во Софија и Бугарската академија на науките. Тие стигнале до заклучок дека традиционалната напивка содржи редица полезни состојки. Ако се пие во умерени количества, таа ни помага за најмалку пет важни функции.
1. Ако пиеме 50 до 100ml ракија на ден, го стимулираме метаболизмот и ќе можеме да заборавиме на стомачните проблеми и варењето, категорични се научниците.
2. Уште од најстари времиња, ракијата е едно од најдобрите средства за борба со настинките и грипот. Таа може да се употребува внатрешно (на пример греана ракија со мед) но и надворешно, за масажа.
3. Ракијата го стимулира крвотокот и помага за подоброто функционирање на срцето. Тоа се должи на фактот што умереното конзумирање ракија го намалува лошиот холестерол.
4. Идеална е за отстранување на последиците од стресот. Непишана вистина е дека ракијата одлично се одразува на нервниот систем и брзо и ефикасно релаксира по тежок и заморен работен ден.
5. Не води до трупање на излишни килограми. Ракијата е нискокалорична напивка и нејзината употреба не води до натрупување на прекумерна тежина.
И пак да напоменеме – сево ова важи само за умерено пиење. Како и со сѐ друго, како што вели старата народна мудрост – многу арно не е на арно. Ајде на здравје!