Научници од Масачусетскиот технолошки институт откриле невидливо енергетско поле кое ја заштитува земјата. Научниците веруваат дека ова загадочно поле дејствува на принципот на нискофреквентен електромагнетизам, но неговото потекло е сѐ уште мистерија. Мистериозното невидливо поле изгледа како нешто од научнофантастичен филм во кој нашата планета е заштитена од опасностите на вселената, но изгледа дека навистина е така.

vs01

Ова поле спречува штетната космичка радијација да навлезе во атмосферата на планетата и првпат било забележано од две вселенски летала на НАСА кои орбитирале во Ван Аленовиот радијациски појас кој се наоѓа на височина од 11 000 километри над Земјата. Невидловото поле ги блокира високо радиоактивните електрони кои се наоѓаат во погорниот атмосферски регион на Земјата. Според НАСА, „ултрарелативистичните“ електрони се агресивни и кружат во вселената со брзина многу блиска до брзината на светлината. Тие се многу опасни и за вселенските летала и сателити.

За да дознае повеќе, НАСА лансирала две сонди, наречени Ван Аленови сонди, со цел да ги проучува овие електрони и да го подобри нивото на безбедност за астронаутите и опремата во вселената. Според изјавата на научници од НАСА, овие честички се привлечени кон Земјата од магнетното поле на планетата. Но, не можат да се приближат до планетата поблизу од 11 587 километри, и тоа благодарение на ова невидливо енергетско поле, кое никогаш порано не било детектирано. Енергетското поле дејствува како бариера која ја заштитува нашата планета од штетната космичка радијација.

Обидувајќи се да ја разберат мистеријата, научници од Масачусетскиот технолошки институт предложиле неколку теории за потеклото на ова поле. Една од првите сугестии е дека има некаква врска со магнетното поле нз Земјата, верувајќи дека ова поле ја одржало бариерата, но по внимателни истражувања, тие заклучиле дека бариерата е сѐ уште присутна иако магнетното поле е за 30 отсто послабо. На пример, тие забележале дека над Јужна Америка, силината на Земјиното магнетно поле опаѓа, но бариерата сепак продолжува да го заштитува животот на нашата планета од штетната космичка радијација.

По темелно истражување, научниците верувале дека оваа бариера најверојатно се должи на постоењето на радио бранови кои потекнуваат од нашата планета. Но, и ова се покажало како погрешно, бидејќи радио брановите вообичаено си взаимодејствуваат со неутралните електрони и не претставуваат голема помош против ултрарелативистични честички. Тие продолжиле со истражувањето и откриле дека бариерата најверојатно е создадена од феномен наречен плазмасферичен шум, кој се јавува во горните слоеви на атмосферата.

„Тоа е многу необичен и изразен феномен“, вели Џон Фостер, директор на опсерваторија во МИТ. „Ова ни кажува дека ако поставите сателит или орбитирачка вселенска станица со луѓе точно во внатрешноста на оваа непропустлива бариера, би очекувале тие да живеат подолго, што е добро да се знае.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено