Еден посветен наставник ги допре срцата на луѓето низ светот, така што одржува настава во едно училиште во рурална Кина и покрај тоа што има само еден ученик на час. Ксу Зефенг е последниот наставник во основното училиште во Јоученг, централна Кина, каде што неговиот единствен ученик е 11-годишниот Ксу Џиаки.

Наставникот предава во училиштето од 1982 година. Тој бил сведок на „славните времиња“ на училиштето, скриено длабоко во планината Тајханг, во 90-тите години кога имало над 100 ученици и 9 наставници.

Кога се изградило ново училиште во градот под планината родителите почнале да ги праќаат децата во тоа училиште за да добијат подобро образование. Повеќето од нив заминале, но 11-годишниот Џиаки избрал да остане.

Џиаки живее со неговиот дедо, бидејќи неговата мајка го напуштила кога бил бебе, а неговиот татко заминал да работи во друг град. Тие преживуваат така што собираат отпадоци по улиците.

Џиаки изјавил дека не сакал да оди во новото училиште за да не го напушти неговиот дедо и наставникот Ксу Зефенг, затоа што ќе нема кој да се грижи за нив.

Оттогаш училиштето во Јоученг станало најосаменото училиште во Кина. 54-годишниот Ксу му предава на Џиаки осум предмети, вклучувајќи и јазици, математика, музичко и физичко. Минатиот мај наставникот му предложил на момчето да замине во друго, подобро училиште во градот.

Дедото на Џиаки се согласил, но тој не можел да ја плати школарината за новото училиште. Откако инцидентот бил пријавен, Џиаки и неговиот дедо добиле донации од јавноста и тие можеле да се преселат во центарот на градот и да го испратат Џиаки за да продолжи со образованието.

За жал наставникот Ксу Зефенг е принуден да го напушти училиштето бидејќи истото ќе се затвори. Кога го прашале што планира да прави понатаму во животот тој одговорил: „Премногу сум стар, мислам дека нема да има училишта кое ќе ме вработи. Можеби ќе си одам дома и ќе бидам земјоделец.“

Сподели на Facebook
пати видено