Трискаидекафобија е страв од петок 13-ти. Овој баксузен ден е толку познат што покрај десетици филмови и измислени болести, на секој петок 13-ти се губат 800 милиони долари затоа што луѓето се плашат да пазаруваат, патуваат и да склопуваат бизнис зделки.

Но, дали е навистина толку лош ден? Дали е само суеверие или треба да останеме дома и да се покриеме со ќебе?

Бакингамската палата била уништена за време на Втората светска војна на петок 13-ти

Според воените документи, германските трупи фрлиле 5 бомби во Бакингемската палата и параклисот на 13 септември 1940 година. И во тоа време кралското семејство било во резиденција, но, за среќа, ниту еден од нив не настрадал.

На петок 13-ти во 13:30 часот гром удрил во 13-годишно момче

За време на емисијата „Lowestoft Seafront Air“ во Англија, гром удрил во 13-годишното момче кое имало чадор. Но, и покрај оваа застрашувачка случајност, момчето поминало само со изгореници на неговото рамо и останало само неколку дена во болницата.

Бродот Коста Конкордија потона покрај брегот на Италија

Коста Конкордија потона на 13 јануари 2012 година. Тој беше најголемиот патнички брод, на кој имаше 2 пати повеќе луѓе отколку на Титаник. Тогаш 32 лица загинаа.

На „црниот петок“ била запалена половина од државата Викторија, Австралија

Ова е еден од најсмртоносните настани во историјата на Австралија. Шумските пожари започнале на 13 јануари 1939 година и ја зафатиле речиси целата држава. Тогаш изгореле 700 куќи, 71 лице загинало, а огнот апсорбирал 575 илјади хектари земјиште (ова е 3/4 од државата).

На 13-ти октомври, 1972 година имало 2 големи авионски несреќи

Уругвајскиот лет 571 тргнал кон Чиле, кога поради дефект било неопходно да слета во Андите. По 10 дена неуспешни пребарувања, операцијата за спасување била прекината. Сепак, по 72 часа се појавиле 2 лица во најблиската населба и им рекле на властите дека има уште 16 лица во снегот.

Истиот ден, падот на авионот „Аерофлот-217“ стана најлоша авионска несреќа во историјата на Русија. Сите 174 лица загинале во обид да слетаат поради лошите временски услови. Сепак, сѐ уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.

Трагедијата во Бангладеш во 1970 година

Во петокот, на 13 ноември 1970 година, Бангладеш беше погоден од циклон Бхола, кој предизвика цунами, во кој загинале околу 500 илјади луѓе. Покрај тоа, 90% од стоката и култури во стотици полиња биле уништени. Оваа катастрофа предизвикала долгогодишно масовно гладување. Луѓето од Бангладеш сé уште сметаат дека овој ден е еден од најстрашните во историјата на државата.

Роден е компјутерски вирус кој ја погоди Велика Британија

Во петокот, на 13 јануари 1989 година, се појавил компјутерски вирус кој ја погодил цела Англија. Вирусот ги избришал личните датотеки на сите компјутери и ја забавил нивната работа, но, за среќа, мерките биле преземени навреме и вирусот не го преминал Атлантскиот Океан.

Но, на петок 13-ти се случиле и многу добри работи

  • Холивуд стана Холивуд. 13 јули 1923 година биле поставени сите препознатливи букви. Точно, буквите биле поголеми тогаш и немале врска со киното.
  • НАСА објавила дека нашле вода на Месечината (13 ноември 2009).
  • Во петокот, 13 октомври 1967 година, според декретот на американскиот претседател Линдон Бејнс Џонсон, беше објавено дека регрутирањето за работа врз основа на пол е незаконско. Овој настан влијаеше на целиот свет и им даде на жените еднакви права во добивање на професија и избор на работно место.
  • За прв пат, биле пронајдени јајца на диносаурусите за време на ископувањата во Монголија на 13 јули 1923 година.
  • Една од најпознатите видео-игри во историјата, Супер Марио, била објавена на 13 септември 1985 година.

И што е најважно. И покрај сите стереотипи, технички петок, 13-ти, сѐ уште е петок. Значи, ова е најдобриот ден, бидејќи следи викенд.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено