Илон Маск, директорот на Спејс Икс вели дека всушност има голема веројатност дека постоиме во симулација. За време на неодамнешно интервју Маск, кој работи на транспортниот систем Хајперлуп како и на човечка мисија на Марс, со сигурност е човек кој знае што зборува кога станува збор за тоа што сѐ може да постигне технологијата.

Еден таков предизвик е изработката на симулирана околина која не може да се разликува од реалноста – без сомнеж сѐ уште сме далеку од неа, но дури и денес, со графичките капацитети на компјутерите кои се зголемуваат се повеќе и повеќе, како и со опремата за 3D видео игри, не е тешко да се замисли таква иднина во која можноста да се изгубите во некаква симулација.

Но, што ако веќе живееме во таква симулација, токму сега?

sm

Според Маск, изгледите за ова се големи бидејќи, ако се претпостави дека симулациите воопшто се возможни, најверојатно би ги имало милијарди низ сите тие интелигентни цивилизации во целиот унверзум, па така веројатноста дека живееме во реалност која е една, наспроти сите тие симулации, е многу мала.

Единствениот исклучок е, како што тој верува, ако ниедна цивилизација не успеала да напредне доволно за да развие таква виртуелна реалност.

„Пред четириесет години го имавме Понг – два правоаголника и точка. До таму бевме стигнале“, вели тој. „Сега, четириесет години подоцна имаме фотореалистични тродимензионални симулации кои милиони луѓе ги играат истовремено, и тие секоја година стануваат сѐ подобри. И наскоро е имаме виртуелна реалност, ќе имаме проширена реалност. Ако претпоставиме некаква стапка на напредок, тогаш на крај нема да може да се направи разлика меѓу игрите и реалноста.“

Сподели на Facebook
пати видено