Светските сили ги покажаа своите воени мускули на повеќе воени паради ширум светот. Кина направи навистина убедлива претстава на воената парада по повод прославата на 90-годишнината од Народноослободителната војска, набљудувана од претседателот Кси Јинпинг. Војници, лансери на прокетили и нова серија на авиони биле претставени на парадата во центарот за обука Џурихе, сместен во оддалечен регион во внатрешниот дел на Монголија.

Џурихе е најголемиот воен центар за обука на Азија и има макети во природна големина за вежбање на напад, вклучувајќи ја и претседателската палата на Тајван. Кси облечен во воена униформа им кажал на војниците дека „светот во овој момент не е безбеден“, додавајќи дека „сега е потребна силна војска повеќе од кога било“.

Помеѓу застрашувачкото оружје се наоѓал и кинескиот Ченгду J-20 борбен авион, стелс-ловец, како и новиот интерконтинентален балистички проектил DF-31AG. Ракетата е монтирана на теренско возило за да се отежне следењето.

Облечен во воена униформа претседателот Кси извршил увид на 12.000 војници, постојано извикувајќи „Здраво другари!“, „Другари работите напорно“ на микрофоните фиксирани на џипот. А војниците извукувале: „Служи им на луѓето“, „Следи ја партијата“ и „Бори се за да победиш“.

Кина претрпе обемна програма за модернизација со стратешка цел да се натпреварува со САД за регионална доминација. Биле отпуштени голем број на војници, чистка против корупцијата отстранила десетици офицери, а исто така инвестирале многу во носачи на авиони, нуклеарни подморници и стелс-ловци.

Исто така денес рускиот претседател Владимир Путин го надгледуваше прикажувањето на поморската сила на Русија, додека Кремљ ја прикажа својата поморска моќ од Балтичкото Море до брегот на Сирија. Околу 50 воени бродови и подморници беа изложени по должината на реката Нева и Финскиот залив од Санкт Петербург, откако Путин и нареди на морнарицата да ја одржи својата прва парада од толкава големина.

Како одговор на парадата на Русија, Грузија и САД ги започнаа своите најголеми досега заеднички воени вежби, за поддршка за малата нација на Кавказ, која се спротивстави на Русија. Околу 800 грузиски и 1600 американски војници учествуваат во вежбите, кои ќе траат до 12-ти август.

Сподели на Facebook
пати видено