Биле забележани три летачки чинии за време на слетувањата на месечината од страна на НАСА, тврди поранешна вработена во НАСА. Во видео изјавата, Дона Хер вели дека вселенската агенција покрила серија забележувања на НЛО со кодното име „Дедо Мраз“.

Таа тврди повеќе извори, коишто таа не ги именува, ѝ кажале дека за три НЛО-а кои биле забележани набргу по едно од слетувањата на месечината. Таа не кажува точно кога се случило ова.

ms01

„Влегов во делот со ограничен пристап на фото лабораторијата кадешто беше развиен филмот од месечината, како и други сателитски снимки“, се присетува Хер. „Еден џентлмен ми го привлече вниманието на еден дел од овој мозаик. Верувам дека тоа беа сателитски снимки, но не сум сигурна.“

Хер опишува дека видела кружна бела сенка на една од филмовите, и го прашала експертот дали е тоа дамка на емулзијата, по што тој смеејќи се ѝ одговорил дека точките на емулзијата не оставаат бели сенки на сликата. Таа го прашала дали тоа е НЛО, а тој се насмеал и кажал дека не може да ѝ го каже тоа, што ја навело дека тој фактички ѝ дал потврден одговор, но не смеел тоа да го каже директно.

ms03

Хер вели дека тоа го кажала на повеќето нејзини пријатели и членови на семејството, но поради тоа не добила никаква реакција од страна на американските власти.

„Не ми се закануваа дека ќе ме убијат, но добив порака дека не треба да зборувам за тоа“, објаснува таа. „Но, јас веќе на толку многу им бев кажала, што повеќе не беше важно. Знаете, како што кажав на еден брифинг во 1997 години, навистина почнав да се чувствувам како да е секс тема. Знаете, секој знае за тоа, но никој не зборува за него во друштво.“

Хер не е единствената којашто тврдела дека НАСА прикрива НЛО-а. Наредникот Карјл Волф, кој работел во разузнавањето, исто така тврди дека видел фотографии коишто биле изменети за да ги скријат аномалиите на површината на месечината. Волф влегол во воздушната база во Ленгли, кадешто му биле покажани вистинските слики. Еден офицер му кажал дека имало база на темната страна на месечината којашто била направена од вонземјани и негова задача било да ги отстранува доказите од фотографиите.

ms02

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено