Во раните 1960-ти, филмскиот режисер Дејвид Лин размислувал за локации за снимање на неговиот претстоен филм „Лоренс од Арабија“, кога дознал за Уарзазате.

Овој голем пустински град, сместен во подножјето на високите Атлас планини во јужниот дел на Мароко имал егзотична сценографија, чисто небо и пријателски расположени жители со што станал атрактивна локација за филмови кои вклучуваат приказни за античкото минато и пустината.

Лин на крајот го снимил најголемиот дел од филмот во Шпанија, но многу клучни сцени биле исто така снимени во Јордан и во Уарзазате, како што е масакрот на турската армија во градот Тафас.

Во текот на изминатите педесет години, безброј филмови и ТВ серии биле снимени во Мароко, а особено во Уарзазате. Ова се само некои од нив: Александар Македонски (2004), Човекот кој ќе биде крал (1975), Последното искушение на Христос (1988), Мумијата (1999), Гладијатор (2000), Бабел (2006), Борнов ултиматум (2007), Принцот од Персија: Песоците на времето (2010), 13 часа (2016) и дел од ТВ-серијата Игра на тронови и Бегство од затвор и многу други.

Од 1983 година, Atlas Film Corporation Studios се наоѓа во предградието на градот и се справува со овие продукции. Нивниот прв филм бил класикот на Мајкл Даглас, „Скапоцениот камен од Нил“.

Освен местата за снимање кои ги дарила природата оваа студиот нуди и десетици „лажни“ опции како што се египетски храмови од стиропор и гипсени тибетски палати.

Дури и National Geographic искористиле еден од нивните сетови за снимање на мини-серијата „Убивањето на Исус“. Многу од овие сетови се изградени во пустината далеку од градот и од студиото, а по завршувањето на снимањето, екипата едноставно ја пакува својата опрема и си заминува. Старите сетови сега се идеална туристичка дестинација.

Мароко е исто така една од најбезбедните земји на Блискиот Исток. Иако странските филмови значително придонесуваат за економијата на Уарзазате, не е фер да се каже дека напуштените филмски сетови се единственото нешто што може да се види овде. Во близина на градот има светско наследство на УНЕСКО, утврденото село Аит Бенхаду, во кое биле снимени околу дваесетина филмови.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено