Со оглед на тоа што заработил повеќе од 300 милиони долари во текот на неговата кариера, боксерската легенда Мајкл Тајсон можел да си дозволи раскошен животен стил, купувајќи бројни палати и скапи коли. Но, кога во 2004 година пријавил банкрот, тој веќе длабоко бил навлезен во долгови. Неговите проблеми започнале неколку години порано. Во доцните 90-ти го изгубил својот имот од 24 хектари и куќата со пет спални соби, внатрешен базен, кошаркарско игралиште и кафези со тигри во Саутингтон, Охајо, кои му припаднале на претприемач кој една година подоцна бил уапсен поради дрога.

Мајк Тајсон ја наполнил својата палата со скапоцени рачно изработени кристални лустери, а неговиот базен бил поголем од повеќето просечни домови. Тој можел да добие сѐ што ќе посака, парите воопшто не биле проблем. Поранешниот светски шампион бил приведен во полиција во 1991 под сомнение за силување. На неговото судење во 1992 година поротата го прогласи за виновен и беше осуден на шест години затвор. Во 1995 побара помилување кое му беше одобрено и беше пуштен од затвор, враќајќи се во Саутингтон со наивната надеж дека ќе успее да му избега на вниманието на медиумите – што никако не му успеа.

Запаѓајќи во тешка финансиска состојба, во 1999 година ја стави палатата на продажба, при што истата беше продадена за 1,3 милиони долари. Оттогаш таа сменила многу сопственици, а еден од нив бил предмет на истрага на ФБИ. Сега се планира овој раскошен дом да биде претворен во црква.

pl01 pl02 pl03 pl04 pl05 pl06 pl07 pl08 pl09 pl10 pl11 pl12 pl13 pl14 pl15 pl16 pl17 pl18 pl19

Сподели на Facebook
пати видено