Тинејџер си оди дома напушен со црвени очи и си мисли:
„Ќе им кажам на моите дека сум бил на фитнес“.
Ја отвара вратата на дневната соба и го гледа таму татко му како седи. Синот веднаш ја затвора вратата и одлучува да отиде во кујната. Ја отвара вратата и што да види – татко му седи на масата.
Во паниката, синот ја треска вратата и решава да си отиде во својата соба. Ја отвара вратата, а таму пак татко му седи и му вели:
– Синко, ќе ти ги скинам ушите ако уште еднаш ми ја отвориш вратата на бањата!

Сподели на Facebook
пати видено