Запотеките живееле во централна Мезоамерика, поконкретно долината Оахака (денешно Мексико). Нивната прва престолнина е Монте Албан. Тие доминирале во регионот, зборувале на различни јазици и создавале културни и трговски врски со Олмеците и Маите.

Првично, Запотеките развиле земјоделски заедници кои подоцна се прошириле значително во и околу Оахака. Тие создаввале плодни трговски врски со Олмеците што им ја овозможило изградбата на импресивната престолнина Монте Албан. Градот, стратешки лоциран над трите главни долини, се развивал низ вековите и останал културен центар дури и по самиот пад на цивилизацијата.

Освен Монте Албан, Запотеките изгадиле и други извонредни населби и изградиле над 15 палати. Цивилизацијата била поделена на четири главни групи: Запотеките кои живееле во долината, Северните Запотеки, Јужните Запотеки и istmeños Запотеките кои живееле во јужниот дел од Техуантепек. Подоцна Митла станал најважен град за нив, кој се одликувал по своите извонредни згради, кои се наоѓале околу големи плоштади и имале извонреден дизајн.

Градовите на Запотеките покажуваат високо ниво на софистицираност и префинетост не само во архитектурата туку и во уметноста, пишувањето, инженерските проекти и системите за наводнување.

Религијата на Запотеките била богата и истовремено збунувачка од современа гледна точка. Нивните најважни божества биле поврзани со дождот, сонце, ветер, земјата и војната. Тие го имале богот Бат – богот на плодноста, Бејдо – богот на семето и ветрот Cocijo – богот на дождовите и молња, Pitao Cozobi – богот на пченката, Copijcha – богот на сонцето и војната, Huechaana – божицата мајка, поврзана со ловот и риболовот, Kedo – богот на океаните, Pixee Pecala – богот на љубовта и Coqui Xee – богот творец кој симболизира бесконечноста.

Монте Албан е изграден на 400 метри надморска височина и се претвора во станбен, ритуален и економски центар за цивилизацијата на Запотеките. Покрај тоа, тој е и место на кое тие ги погребуваат своите мртви владетели во текот на повеќе од илјада години. Градот значително напредува во пред-класичниот период кога неговото население достигнува 20.000 луѓе и повторно во периодот од 400 до 700 година кога населението достигнува 40.000 луѓе.

Постојат неколку легенди за потеклото на Запотеките. Еден од нив вели дека тие биле родени од карпите или потекнувале од големи мачки како што се пумите и јагуарите.

Моќта на цивилизацијата полека исчезнала, но и денес постојат голем број на Запотеки во Мексико и САД. Тие спаѓаат во „Домородните народи на Мексико“ и имаат свој јазик и дијалекти. „Новите“ Запотеки ја почитуваат традицијата со цел да го потсетуваат светот за оваа некогаш, голема цивилизација.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено