Кина е навистина чудесна земја која драстично се разликува од западните земји, но оваа земја има и една бизарна „традиција“ која никако не може да се искорени иако е забранета со закон. Станува збор за „јавно извршување на нужда“.

Оваа важи за малите деца чии родители воопшто не се двоумат да им дозволат да уринираат или да вршат голема нужда на прометна улица, во парк, пред ресторан или на кое било друго место. Има и такви кои што се доволно пристојни да им држат кеса на децата додека вршат нужда, но поголемиот дел го оставаат изметот на улиците.

Во голем број на видеа, како што се оние подолу, е опфатена оваа општествена навика на Кинезите и иако е масовно критикувана, тие не планираат да престанат во скоро време.

Регулативите на Хонг Конг им забрануваат на лицат задолжени за деца под 12 години да му дозволат на детето, без разумен изговор да го испочитува повикот на природата на било која јавна улица. Прекршителите се соочуваат со парична казна од 2.000 американски долари.

Сепак ваквите казни ретко се пишуваат бидејќи луѓето треба некој да ги пријави. Освен критиките оваа однесување е и поддржувано од одреден број на луѓе со едноставно објаснување дека е подобро да му се дозволи на детето да изврши нужда на улица отколку во гаќите. Што мислите вие за овој „тренд“ во Кина?

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено