Поранешниот американски маринец Мик Херндон учествуваше на Бостонскиот маратон и трчаше во чест на неговите тројца војнички другари, кои загинале во Авганистан во 2010 година. Тој беше толку исцрпен што дури не можеше ни да оди, па остатокот од растојанието мораше да ползи.

„Истрчав во нивна чест, бидејќи тие веќе не се меѓу нас. За време на трката имав треска, ме болеа нозете, бев преморен, но продолжив да трчам, кажувајќи ги нивните имиња гласно“, објасни Мик Херндон.

Му требаа 3,5 часа за да стигне до целта, но тој не се откажа и го направи тоа!

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено