Полицијата на Квинсленд се шокирала откако стопирала стар „Форд Фалкон“ и возачот скоро и да не се гледал во возилото. Во возилото немало ниту место ниту воздух за дишење затоа што било затрупано во ѓубре. Очигледно на 57-годишниот возач тоа не му пречело и безгрижно си го возел автомобилот, иако немал прегледност ама баш на ниту една страна.

Во автомобилот можело да се види секаков вид на ѓубре од кознерви до торби, картон, шишиња и слично. „Автомобилот е полн со ѓубре. Како што можете да видите, господинот во автомобилот не може да види ништо. Имаме сериозни грижи за неговата прегледност. Тој нема прегледност на страните и воопшто на задниот дел.“, вели полицајката во видеото.

Тој е казнет со парична казна од 311 долари за возење возило без јасен преглед во сите насоки. Мажот е казнет со казна од 427 долари за возење на нерегистрирано моторно возило.

Сподели на Facebook
пати видено