За повеќето луѓе Мини Маус претставува облик на среќа и детстка радост. Но во случајот на оваа жена оваа улога и претставува потреба, за да собере доволно пари за лекувањето на сопругата на нејзиниот син. Јин Пижи секој ден се облекува во костимот на Мини Маус и наплаќа по најмногу 50 центи за групна слика со неа.

Нејзината снаа, Ванг Хаи Меи била повредена во сообраќајна незгода и сеуште е во критична состојба. Таа се наоѓа во болницата веќе 50 дена и треба да се премести во поголема болница во Јинан.

Пижи вели дека нејзиниот син има срцева болест и е на лекови, што значи дека не може да работи. Пред несреќата нејзината снаа работела секаков вид на работа за да го издржува семејството. Со цел да и овозможи подобро лекување на снаата Јин го позајмила костумот од пријател на нејзиниот син. Населението од Јинан било трогнато од нејзината приказна и сега пензионерката се труди да држи чекор со работата, но зема и повеќе паузи кога ќе стане премногу напорно.

Сподели на Facebook
пати видено