Полициска камила од Индија почнала да одбива храна и вода откако нејзиниот управувач починал од срцев удар, неколку минути откако го нахранил животното.

Помошник-инспектор Шиварај Гадви, кој долго време бил во полицијата починал на должност во пограничната област Куч во северозападниот дел на земјата, недалеку од границата со Пакистан.

Неговата „службена“ камила одбивала да јаде и пие откако полицаецот не се појавил на неговото работно место наредниот ден.

Полициски извори во Индија велат дека на 56-годишниот му била доделена патролна должност и неколку минути по хранењето на својот сакан придружник, тој доживеал катастрофален срцев напад. Шиварај починал на патот кон болницата.

Неговите колеги велат дека ќе дадат сѐ од себе камилата повторно да застане на нозе и да продолжи да служи во полицијата.

Сподели на Facebook
пати видено