Грејс Џоунс, позната кај своите пријатели како „Неверојатната Грејс“ на 16-ти септември го прославила нејзиниот 112 роденден. Таа е новата најстара личност во Англија, откако претходната, Олива Евелин, починала во август на 113 години.

Џоус се родила во Ливерпул, на 16 септември 1906 година, само пет години по смртта на кралицата Викторија. Таа доживеала да види смена на 26 премиери и ги преживеала двете светски војни. Таа има една ќерка, која сега има 80 години.

Грејс исто така била сопственик на фабрика, а вели дека нејзиниот најубав спомен е нејзината венчавка, со сега починатиот сопруг Леонард, во 1933 година. Тие биле во брак 53 години и тој починал во 1986 година, на 79 години.

Грејс открива дека нејзнината тајна на долговечноста е часка виски, која ја пие секоја вечер пред спиење во последните 6о години.

Таа вели: „Виски е многу добра работа. Почнав да пијам по една чашка навечер кога наполнив 50 години и така правам повеќе од 60 години и не планирам да престанам сега. Мојот лекар ми рече: ‘Продолжи со вискито Грејс, тоа е добро за твоето срце.’“

„Неверојатната Грејс“ вели дека се чувствува како да има 60 години и дека сѐ уште има ведар дух. Тоа го потврдува и нејзината 80-годишна ќерка Деидре: „ Мајка ми е извонредна. Таа сѐ уште се грижи за нејзиниот изглед и инсистира секогаш да изгледа најдобро. Таа ужива да излегува со луѓето, уште чита по малку и гледа телевизија. Секоја недела нејзиниот негувател ја носи во Бродвеј, каде што сака да направи мал шопинг, ако времето е убаво; таа има неверојатно добро здравје, но нејзиниот слух е малку лош.“

Сподели на Facebook
пати видено