Денес сите сакаат професионална фотосесија на својата венчавка која ќе биде интересна и уникатна и ќе го зачини „најубавиот ден во животот“. Така размислувале и овие младенци од Индија, но плановите понекогаш можат да „паднат во вода“.

Тихин Блавахен и Силпа сакале да се фотографираат во кајак во реката Памба во Кадаманита, јужна индиска држава Керала. Фотографот извикува инструкции додека тројца мажи, кои стојат во плитката вода околу чамецот, прскаат вода кон младенците за да се добие ефект на „романтичен дожд“. Потоа фотографот им кажува да се бакнат и „пропадна сѐ“…

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено