Кога одите на свадба, вообичаено имате претстава што ве очекува. Двајца вљубени луѓе, музика, забава, бел фустан, храна и пијачка. Со оглед на тоа што свадбите стануваат сѐ поскапи, некои младоженци се решаваат на малку поекономични опции. Но, енда Британка која била поканета на прием дознала дека сето тоа може да биде на едно повисоко ниво на скржавост, кога за чајот кој го порачала на свадбата ѝ биле наплатени 2,5 фунти.

sv01

Тоа го споделила на социјалните мрежи, прашувајќи дали е нормално на свадба да се наплатува за чај.

„Неодамна бев на свадба кај пријателка…Имав впечаток дека се работи за сиромашна и многу скржава свадба. На приемот имаа „шанк за топла чоколада“ – наплаќаа за тоа (и за чај и кафе…)“, пишува жената која на социјалните медиуми се претставува под псевдонимот СкржаваСвадба.

„Грешам или ако каните луѓе на свадба, треба да ги честите вашите гости? Не очекувам цел бесплатен шанк, но барем некое вино и сок?“

sv04

Многу луѓе се согласуваат со неа. Згора на тоа, забележуваат дека е крајно непристојно тоа што цената за чај или кафе на свадбата всушност повисока од таа која би ја платиле во кафуле. Но, има и некои кои сметаат дека таа крева многу врева за еден чај, а свадбите би требало да бидат прослава на љубовта.

„Можеби тие едноставно не можеле да си дозволат да обезбедат храна и пиење за сите, а со оглед на тоа што локалите каде што се приредуваат свадби ги креваат цените до небото, воопшто не ги обвинувам“, пишува една жена. „Веројатно биле исправени пред изборот гостите да си платат за пијалоците, или пак воопшто да не ги поканат.“

sv05

Сподели на Facebook
пати видено