Осмислен по пример на Версајската Палата во Франција, оваа сосема нова палата со површина од 5620 метри квадратни е најскапиот дом во Америка.

Кралската палата (Le Palais Royal) за прв пат била ставена на продажба во септември 2014 по цена од 139 милиони долари, а една година подоцна била симната понудата, за подоцна цената да биде покачена на неверојатни 159 милиони долари. Се наоѓа на Хилсборо Бич, Флорида и на неа има шест атрактивни водопади, од коишто еден е висок 7.6 метри, како и мермерни скали коишто чинат 2 милиони долари.

Главната куќа има 11 спални соби и базен со топла вода на палконот. Елегантното живеалиште е украсено со златни листови вредни 3 милиони долари, а во него има и IMAX домашно кино со 18 седишта. Покрај тоа, има подземна гаража за 30 автомобили, винска визба за околу 3000 шишиња и вграден аквариум од 5000 литри.

На луксузниот имот има и две гостински куќи и подземен комплекс за забава со лизгалиште, ноќен клуб, сала за куглање и карт трки. Надвор од луксузните згради се простира бесконечен базен од 418 метри квадратни, опремен со лизгалки. Над базенот е надвиснаата бања со подземно дно, крај него има надворешна кујна и две пристаништа за чамци. Уживајте во убавите глетки!

pl01 pl02 pl03 pl04 pl05 pl06 pl07 pl09 pl10 pl11 pl12 pl13 pl14 pl15 pl16

Сподели на Facebook
пати видено