Фотографија од 17-годишна девојка за која нејзиното семејство тврдело дека е „девица“ била прикачена на Фејсбук со цел да биде дел од аукција, каде наддавачот кој ќе понуди најмногу пари ќе стане нејзин сопруг. Петмина мажи учествувале во аукцијата за миразот на девојката од Јужен Судан.

Најмногу понудил богат бизнисмен, кој на таткото на девојката му дал над 500 крави, три луксузни автомобили и 10.000 долари како мираз. Венчавката на тинејџерката се одржала на 3 ноември. Локалните медиуми ја прогласиле девојката за „Најскапата жена во Јужен Судан“.

Организациите за заштита на човековите права сметаат дека Фејсбук треба да преземе мерки, затоа што сега најверојатно и други семејства ќе ги користат социјалните мрежи за продажба на „невести“. Од Фејсбук изјавиле дека го отстраниле постот, штом станале свесни за него, затоа што не толерираат било каков вид на „трговија со луѓе“.

Сподели на Facebook
пати видено