Ова се 5-те најгледани видеа од нашата чудесна земја:

 

1. Двајца македонски Албанци од Струга скокаат на катапулт банџи во забавен парк

Фацата на тој десно: Љо, љо, љо, љо… :).

 

2. Јапонци ја пеат „Брала мома капини“, а спотот мора да го видите!

Додека престојувале во Македонија, биле во Крушево на свадба. Снимките ги искористиле за да си направат спот. Секој чест!

 

3. 2-годишниот Ѕвездан Михајловски ќе ви ја отпее Жал за Деспина

Браво за Ѕвездан, цела песна ја научил, а и мелодијата ја фати перфектно :). Позитив на неделата!

 

4. Како Aмерика и светот реагира кога им кажувам дека сум од Mакедонија?

Погледнете како реагираат младите луѓе од светот кога ќе им ја спомнете Македонија!
Автор на видеото е Натали Башоска, 19 годишна девојка од Охрид, која студира Режија во Њујорк.

 

5. Селанецот од штипско Крупиште кој се шетал со тегла со 40.000 евра во неа

Докторите од штипската болница примиле човек повреден во сообраќајка кој во рацете стегал тегла со 40.000 евра во неа. Еве ја неговата приказна.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено