САД направија значителен исчекор поблиску до развивањето на нуклеарна бомба која, како што велат некои, би можела да биде најопасната нуклеарна бомба која некогаш била произведена. Одделението за национална нуклеарна безбедност на почетокот на овој месец објави дека го завршиле развојот и тест фазата за В61-12, првата насочувачка нуклеарна бомба. Според американската влада, таканаречената „паметна нуклеарка“ сега влегува во фаза на производствен инженеринг. До 2020 година, САД ќе почнат со производство на бомбата.

bb01

Стремежот за завршување на подготовките за производство на бомбата е контроверзен, со оглед на тоа што многу поранешни и сегашни претставници од американската војска тврдат дека прецизната природа на оружјето би можела да доведе и до нејзина употреба во иден конфликт. Цената за програмата В61-12 изнесува 11 милијарди долари, со што таа е најскапата бомба во историјата.

bb02

И покрај тоа што Обама изјави дека има намера да се намали американското нуклеарно вооружување, владата започна со огромен 30-годишен проект вреден 1 билион долари за модернизирање на нуклеарниот потенцијал на земјата.

bb03

Сподели на Facebook
пати видено