Брисел е главниот град на Белгија и е дом на многу иконски архитектурни и уметнички дела. Од катедралите до прекрасните мостови, овој европски град има многу што да покаже. И потоа ќе ги видите овие статуи. Поради некоја причина, Брисел е полн со статуи кои…уринираат. „Manneken Pis“ (Малиот мочко) е најпознатата, но не запира тука.

Manneken Pis

mck01

Статуата е висока 60cm и е најпознатата статуа во Брисел. Се наоѓа во близина на Гран Плас. Некои велат дека статуата претставува момче кое се измочало врз запален фитил и на тој начин го спасил градот од уништување. Спред друга приказна, некој богат трговец го изгубил неговиот мал син и подоцна го нашол како весело уринира во некоја мала градина. Но посетителите не ги привлекува смешноста и совршеноста на статуата, туку ова…

Неговата гардероба…

mck02

Статуата секоја недела ја облекуваат во различен мал костум. Неговата гардероба се состои од стотици различни костуми, од коишто повеќето се дел од постојаната поставка во Градскиот Музеј. И не само тоа, туку ова мало мочле не е само на светот. Манекен пис има и сестра…

Jeanneke Pis

mck03

Jeanneke Pis (Малата мочла) е помалата сестра на Манекен Пис. Статуата е поставена во 1987 година и релативно непозната за посетителите на Брисел. Поставена е зад решетки за да се заштити од вандализам. И ако мислите дека тука завршува семејството на мочковците, се лажете…

Zinneke Pis

mck04

Оваа статуа го претставува кучето во семејството на Мочковците. Бронзената статуа стои со крената нога на аголот помеѓу Ру де Шартр и Ру де Вју-Марш и си врши работа исто како и Манекен и Јанеке, со таа разлика што кучево сепак не е фонтана. Статуата е поставена во 1998.

Сподели на Facebook
пати видено