Наскоро на следниот музички фестивал на кој ќе присуствувате – дречливи техниколор мишки! Е, испотени, се разбира!

Доколку се плашите да га пробате виножито трендот на бојадисување на косата, не грижете се, можете да го испробате на вашите мишки. Да, фарбањето на пазувите стана најновиот „тренд“.

ОК, сѐ уште не е толку распространето, но ако побарате на Гугл, ќе се изненадите од бројот на резултатите, како и од нивното шаренило. Меѓу другото, има многу упатства за тоа како да го сторите во домашни услови. Рокси Хант, стилистка во Вејн салон во Сиетл, ги бојадисала мишките на нејзина клиентка во тон со дречливата боја на нејзината коса. Нејзиниот пост за искуството достигнал речиси 32.000 следбеници.

Нејасно е дали треба навистина да имате влакна на мишките или се работи само за боја, но во тој случај нема да трае долго. Но, во многу од упатствата станува збор за фарбање на влакната под мишките, сепак, ветојатно како начин да се сруши табуто жените да имаат влакна под пазувите. Од друга страна, многу мажи почнаа да се бричат и депилираат исто како што и носењето розево едно време стана тренд. Кога би постоела временска машина и би дошол некој човек од пред еден век, ништо чудно и да се расплаче!

Dyeing-Your-Armpit-Hair-Colors Finished-Look Your-Thoughts-Pit-iful-Dye-Jobs

Сподели на Facebook
пати видено