Креативните луѓе понекогаш наоѓаат инспирација во најнеочекуваните предмети и објекти, претворајќи ги во вистински ремек-дела. Неверојатна потврда за ова е исклучителен уметнички објект создаден од жителка на Ајдахо (САД).

Наместо целосно искоренување на мртво и суво дрво, таа го претворила во мини-библиотека која ќе ја користат сите жители на градот, и оваа библиотека е потполно бесплатна.

За да разбуди и одржува интересот за читање на „живи“ книги, во Америка бил создаден многу интересен проект „Мала слободна библиотека“. Оваа непрофитна организација буди почит кон книгите и инспирира љубов кон читањето. Благодарение на ентузијастите во речиси 10 години од своето постоење, повеќе од 75 000 мини-библиотеки биле создадени не само во Америка, но и во 88 земји во светот.

Сѐ започнало со Шарал Армитаж Ховар, која, знаејќи дека наскоро ќе мора да ја отсече старата топола која се била во близина на нејзината ограда, одлучила да и даде втор живот. Работела во библиотеката на Кер-д’Алена. Таа не била само библиотекар, туку и уметник и љубител на книгите, па одлуката да се создаде мини-библиотека ѝ дошла природно.

На крајот врвот на тополата морал да биде исечен бидејќи сувите гранки претставувале опасност за нејзиното семејство и минувачите, но го оставиле долниот дел, кој би обработен за да не скапува. Внатре во него бил сместен шкаф со полици и така се создала импровизирана библиотека. Жената со помош на нејзиниот син поставила и електрична енергија во библиотеката за вечерните часови и ја уредиле за да изгледа како „шумска самовила“.

Се разбира не може да се влезе во библиотеката, но можат да се земат книги и да се остават свои за луѓето да можат да ги читаат.

Сега оваа библиотека го привлекува вниманието на минувачите, па дури и оние кои се сосема рамнодушни кон читањето, се заинтересирани да се приближат до оваа оригинална колиба, бидејќи тие не можат да му одолеат на искушението да ја разгледаат.

Кога организаторите на Малата слободна библиотека дознале за создавањето на библиотеката во дрвото, веднаш била прифатена како членка на организацијата и наскоро се појавила на картата на заедницата, како бесплатна библиотека.

Сподели на Facebook
пати видено