Тео Тејлор беше помал од очекуваното на прегледот во 19-тата недела, а потоа престанал да расте и на неговите родители им било кажано да се плашат од најлошото. Тој го добил епитетот „најмалото бебе во Англија“ кога се родил со тежина од само 300 гр, во 26-тата недела.

Откако неговата мајка, Кејти се породила со итен царски рез на 15 март, тој бил помал од раката на неговиот татко. На неговата мајка ѝ било понудено „укинување на бременоста“ на денот пред да се роди, поради тоа што бебето било премногу мало.

Мајката Кејтли и таткото Роудс само успеале на секунда да му го допрат рачето пред да биде ставен на машина за дишење. Лекарите ги предупредиле дека најверојатно нема да живее уште долго.

Но малиот Тео се борел против минималните шанси и по 7 недели го префрлиле во понизок оддел во болницата, на 7-ми јули конечно му било дозволено да си оди дома. Тој тежел 3 килограми и 11 грама.

Најмалото бебе сега има скоро 6 месеци и е „големо момче“. Тео сè уште зема дози на назален кислород, но лекарите не мислат дека ќе претрпи повеќе компликации.

Неговиот татко, Роудс вели дека лекарите му кажале дека неговиот син тежи како лименка Кока-Кола, но кога тој земал лименка во рацете чувствувал дека дури и таа е потешка од неговиот син.

Сподели на Facebook
пати видено