Кога замислуваме личност осудена на доживотен затвор, мислиме дека поголемиот ден од денот го поминува во мала ќелија и има само кратка пауза за да се прошета во дворот на затворот. Но, не е секогаш така. Секој од овие сериски убијци имал привилегии во затворите кои со сигурност не ги заслужил.

6. Роуз Вест победила на натпревар за печење пити

Таа е осудена за мачење и убиство на 10 деца, вклучувајќи ја и нејзината 8-годишна поќерка, помеѓу 1971 и 1987 година. Но, во септемви оваа година победила на натпревар за правење пити во затворот така што ги „импресионирала“ останатите затворенички со нејзините способности за готвење. На Роуз и било дозволено и да користи ножеви за време на натпреварот.

5. Ричард Рамирез добил нови заби

Кога Ричард Рамирез познат како „Ноќниот демнач“ бил уапсен во 1985 година на фотографијата од апсењето имал „вампирски заби“ кои преживеаните жртви веднаш ги препознале. Додека ја чекал пресудата тој го искористил своето граѓанско право од осмиот амандман на САД, бесплатно да си ги поправи сите заби.

За време на судењето имал „блескава насмевка“. Па дури и одбраната се обидела да ги дискредитира сведочењата на жртвите затоа што „тоа не бил човекот со истите заби“. Сепак овој очаен обид за слобода бил разоткриен и Рамирез бил прогласен за виновен за 13 убиства и осуден на смрт во гасна комора.

4. Џон Вејн Гејси носел алатки

Џон убил најмалку 33 тинејџери и млади мажи помеѓу 1972 и 1978 година. Затворениците од затворот во Илиноис, САД, потпишале петиција бидејќи стравувале дека и тие можат да станат неговите наредни жртви затоа што му било дозволено да поседува различни алатки, вклучувајќи и ножеви.

Од управата на затворот објасниле дека му дозволуваат на Џон да носи алати кои можат да се сметаат за ладно оружје, едноставно затоа што е добар хаусмајстор и ги поправа работите низ затворот.

3. Декорираната ќелија на Мира Хиндли

Кога некој ќе ја погледне фотографијата погоре ќе помисли дека тоа е обична жена која се фтографирала во нејзината спална соба. Но, станува збор за злобна жена, која убила 6 деца на возраст од 10 до 17 години во 1960-тите. Таа преку нејзините адвокати барала да ѝ се уреди собата бидејќи сметала дека е „психички малтретирана“.

Мира подготвувала и тужба против затворот, а тие ги исполниле нејзините желби затоа што неколку месеци пред нејзината жалба се самоубил друг сериски убиец од затворот и тие не сакале таа да го стори истото.

2. Карла Хомолка читала по 5 книги за убиства во една недела

Карла и нејзиниот сопруг убиле 3 млади жени и нејзината 15-годишна сестра, но желбата за убивање на Канаѓанката не завршила и кога добила само 12-години затвор. Од затворот ѝ дозволувале да чита книги за убиства и според нив таа читала најмалку по 5 такви книги неделно.

Откако ја одлежала казната Карла го променила нејзиниот идентитет, повторно се омажила и основала свое семејство.

1. Чарлс Менсон добивал 60.000 писма од обожаватели за една година

Менсон бил осуден на доживотен затвор за убиство на седум лица во летото 1969 година, вклучувајќи ја и актерката Шарон Тејт, која била две недели пред породувањето, како и две други убиства.

Водачот на озогласениот култ добивал над 60.000 писма од обожаватели годишно, а во 2014 година на 80-годишна возраст се свршил со 26-годишната обожавателка Афтон Буртон, но нивната „романса“ не траела долго. Тој починал во болница од респираторна инсуфициенција и рак на дебелото црево на 19 ноември 2017 година, на возраст од 83 години.

Сподели на Facebook
пати видено