Да се каже дека овој тип е луд би било премалку. Да се каже дека флертува со смртта исто така нема да го опише целосно овој негов подвиг. Најсоодветното опишување би било – на секој начин се обидува да си го одземе животот.

На видеото е прикажан човекот по име Тревис кој скока од авион на височина од 2740 метри – без падобран! Но и тоа не е сѐ. До целта стигнува преку дупка во покривот на една зграда, за на крајот да слета врз трамболината.

Презентерот објаснува дека две нешта го овозможуваат овој неверојатен подвиг; прво, дополнително подзасилената трамболина го ублажува ударот при падот и второ, Тревис носи револуционерен геомагнетски систем за позиционирање кој го води. Еден од инженерите додава:

„Природниот магнетизам на Земјата и магнетот прицврстен за Тревис природно се привлекуваат. Не постои ни најмал простор за грешка. Ако Тревис направи и најмала грешка, ќе биде катастрофално“.

Сподели на Facebook
пати видено