Ужасниот масакр на невини луѓе во клуб во Орландо е трагедија од национални и интернационални размери. Бесчувствителното, методично убивање на луѓе кои никому ништо не згрешиле и кои не се ни сомневаат дека такво нешто ќе им се случи е во противречност со човештвото и цивилизацијата, тоа никој не го доведува во прашање. Овој масакр во Орландо многу медиумски организации како и од американскиот претседател Обама веднаш беше наречен „најлошото масовно убиство во американската историја“, издвојувајќи го овој настан од насилните вооружени инциденти кои се случуваат во САД речиси на дневна основа.

Но, ваквата категоризација е доста подложна на дебати и многумина ја нарекуваат „бришење на историјата“. Ако се бројат вооружените масакри, најлошото „масовно застрелување“ во американската историја, како што во Америка го нарекоа масакрот во Орландо, е познато под името „Масакрот кај Ранетото Колено“ во Јужна Дакота, кога 150-300 американски домородци биле застрелани од американската армија.

lk01

На 29 декември 1890 година, еден полк на американската војска од повеќе од 500 војници опколиле група од Лакота Индијанци во индијанскиот резерват Лакота Пајн Риџ во Јужна Дакота и им наредиле да го предадат своето оружје. Но, ова не се случило за време на војна. Во тоа време Индијанците од племето Лакота веќе живееле во резерват и одлуката да бидат разоружани дошла од страв поради популарното движење на „Танцот на духовите“.

Во срцевината на Танцот на духовите било верувањето дека ќе се појави индијански Месија кој ќе се крене и ќе им ги врати родните земјишта на Индијанците, дека ќе духовите на нивните предци ќе се вратат на земјата а белите луѓе ќе исчезнат. Сепак, ова било само танц и немал насилна содржина.

lk03

Некои индијански агенти (лица задолжени за односите со Индијанците) се загрижиле дека танцот ќе поттикне бунт против американската влада и тоа ја навело американската армија да ги разоружа Лакота индијанците. Што точно се случило е нејасно, но се спомнува дека некој човек по има Црниот Којот одбил да ја предаде својата пушка, бидејќи бил глув и не разбирал што се бара од него. Војниците го зграпчиле, пушката пукнала случајно и почнало неконтролирано стрелање.

lk04

Со оглед на тоа што армискиот полк имал расположено и топови насочени кон населбата на племето Лакота, и биле надбројни во споредба со Индијанците, ситуацијата набргу се претворила во масакр. За само неколку минути биле убиени многу мажи, жени и деца кои се дале во бегство. Точните бројки варираат, но истакнати историчари проценуваат бројка до 300 убиени Индијанци, додека за многу од 25-те американски војници кои загинале на местото се смета дека биле жртва на пријателски оган во целата таа збрка.

lk05

Се разбира, има разлика помеѓу тоа што се случило кај Ранетото Колено и во Орландо. Масакрот кај Ранетото Колено се случил на крајот на долга војна со племето Лакота Сијукси, и покрај тоа што веќе било време на релативен мир и мнозина од убиените биле невини цивили.

lk06

Од друга страна, масакрот во Орландо веќе почна да се користи за добивање политички и идеолошки поени. Интересно е тоа како некои настани се буткаат под тепихот на заборавот.

lk07

Сподели на Facebook
пати видено