Што е полошо, цунами или поплава, торнадо или циклон? Овде се рангирани најлошите природни катастрофи од почетокот на 20-от век според бројот на смртни случаи. Едно нешто е јасно: природата е моќна и може да предизвика голема штета.

10. Шумскиот пожар во Курша 2 -1200 мртви

k01

Шумските пожари се многу деструктивни, но типично не водат до големи загуби на живот. Тоа било така сѐ до 1936 година кога загинале 1200 луѓе во пеколот кој беснеел сѐ полошо и полошо поради човечка неспособност. Од индустриската заедница Курша 2 во бившиот Советски Сојуз, кадешто се собирале дрва, водела една единствена железничка пруга кон градот Тумскаја, кадешто дрвото се процесирало понатаму. Кога пожарот почнал да се приближува кон Курша 2, дрвосечачите и нивните семејства се обиделе да се качат во возот, но контролорот инсистирал прво да се натовари дрвната сеча. Луѓето се качиле секаде кадешто можеле да најдат место, но одложувањето се покажало смртоносно. Мостот близу населбата веќе бил зафатен од огнот и возот бил заробен, па како последица на тоа загинале сите патници, освен дваесетмина. Денес населбата стои напуштена, а близу железничката постојка има една масовна гробница.

9. Торнадото Даулатпур-Сатуриа – !300 мртви

k02

Најсмртоносното торнадо во пишаната историја се случило пред само 26 години, кога ги погодило градовите Сатуриа и Даулатпур во Бангладеш. Загинале околу 1300 луѓе, 12.000 биле повредени и 80.000 останале бездомници. Торнадото беснеело над површина од 16 километри, уништувајќи ги сите градби во опсегот од 6 километри квадратни.

8. Снежна бура во Иран – 4000 мртви

k03

Во 1972 година, бура во траење од една недела истурила 3 метри снег низ руралните области на Иран. Југот од земјата бил најтешко погоден, кадешто паднало повеќе од 8 метри снег Цели села биле целосно покриени, при што никој не преживеал.

7. Лавина во планината Уаскаран – 20.000 мртви

k04

Земјотрес со магнитуда од 7.9 степени го погодил Перу во 1970 година, дестабилизирајќи го северниот ѕид на планината Уаскаран, предизвикувајќи лавина од лед и камења да се стркалаат по нејзините падини. Набргу лавината станала широка 915 метри и долга 1.6 километри. Како што се движела надолу, добивала сѐ поголема брзина, наскоро достигнувајќи брзина од 300 километри на час. Кога достигнала во градот Јунгај, носејќи 80 милиони кубни метри кал, лед и снег, убила 20.000 луѓе.

6. Вулканската ерупција на Мон Пеле – 29.000 мртви

k05

Само двајца луѓе ги преживеале пирокластичните потоци кои го уништиле градот Сан Пјер во подножјето на вулканот Мон Пеле на карипскиот остров Мартиник. Само неколку минути по ерупцијата, откако жешкиот гас, пепел и карпи се стрмоглавиле низ планината, загинале вкупно 29.000 луѓе. Две недели пред големата ерупција се случувале помали ерупции. Додека некои луѓе бегале од островот, други бегале во планините, па дури и на самиот Мон Пјер за да најдат засолниште. Веднаш по ерупцијата на 8. мај 1902 година, огромен облак од вулкански гас, загреан до 1100 степени Целзиусови се стрмоглавил удолу. Единствените луѓе коишто преживеале биле еден човек заглавен во затворска ќелија без прозорци и човек на периферијата на градот кој поминал со тешки изгореници.

5. Европскиот топлотен бран – 70.000 мртви

k06

Во летото 2003 година, низ Европа се раширил топлотен бран, сосредоточувајќи се во Франција, при што загинале вкупно 70.000 луѓе, главно постари лица. Европа не памети толку топло лето уште од 1540 година. Постарите не знаеле како да се справат со високите температури, а покрај тоа топлотниот бран удрил во август, кога голем дел од болничкиот персонал бил на летен одмор. Некои тела не биле идентификувани со недели, бидејќи членовите на нивното семејство исто така се наоѓале на одмор.

4, Цунамито во Индискиот Океан – 230.000 луѓе

k07

Со магнитуда од 9.1-9.3 степени, земјотресот во крајбрежјето на Индонезија на 26. декември, 2004 година бил најголемиот земјотрес забележан од сеизмограф. Но, набргу по него следувал цунами, кој предизвикал огромна штета и убил 230.000 луѓе во 14 земји, како што цунамито се рашири низ целиот Индиски Океан во текот на седум часа. Индонезија ја претрпе најголемата штета, при што беа убиени дури 170.000 луѓе.

3. Циклонот Бола – 500.000 мртви

k08

Пред циклонот стигне до источен Пакистан на 12. ноември 1970 година, околу 90 отсто од населението знаело за бурата којашто доаѓала, како што подоцна се проценило. Но, никој не сторил ништо за да се засолни кога удрило невремето. Бурата била најжестока во Бенгалскиот залив, при што некои области загубиле до 45 проценти од нивното население.

2. Земјотрес во Тангшан – 650.000 мртви

k09

Додека на 27. јули 1976 ходина во четири часот наутро жителите на градот Тангшан во Кина цврсто спиеле, се случила катастрова. Без никакво предупредување удрил земјотрес од 7.8 степени. Луѓето биле смачкани во нивните кревети, заробени во набрзина изградените згради кои не биле отпорни на земјотрес. Кинеската влада ја одбила помошта од Обединетите Нации и го повторно го изградила градот практично почнувајќи од нула. Денес градот брои 3 милиони жители и е познат како „Храбриот кинески град.“

1. Поплавите во Кина – 1 до 4 милиони мртви

k10

Поплавите од 1931 година биле едни од најголемите природни катастрофи во целата историја, а лесно може да се каже дека ова било најголемата катастрофа на дваесеттиот век. Се излеале реките Јангце и Хуаи, поплавувајќи го градот Нанџинг, кој во тоа време бил главен град на Кина. Милиони луѓе се удавиле, а уште повеќе умреле од глад и болести кои ги донела водата, како колера. Нивото на водата било 16 метри над нормалата.

Сподели на Facebook
пати видено