Не можеме да кажеме дека 2017 е многу добра година, доколку ги согледаме сите случувања во земјата и светот. Исто така имаше и бројни ужасни уреди за потрошувачите, кои ги разочараа луѓето низ светот. Затоа треба соодветно да ги испратиме и да се надеваме дека 2018 ќе донесе многу подобри работи од било кој апсект.

Џусеро

Оваа направа не само што чини 400 долари, иако претходно чинела 700, туку и не може да се користи за обично овошје и зеленчук. За да подготвите нешо во овој соковник ќе треба да купите посебно овошје пакувано во кеси или пак сецкано овошје. Всушност, ова не е соковник туку премногу скап „цедач на кеси“.

Паметен часовник LG Watch Style

Со име како LG Watch Style, би очекувале овој часовник со Android Wear од LG да биде популарен. Но, со премногу едноставниот дизајн и батерија која не може да издржи ниту работно време, односно многу помалку од 24 часа, овој часовник не ја достигна својата популарност. Неговата цена изнесува 249 долари.

Бодега

Бодега е автомат за храна која работи на апликација. Иако звучи интересно зошто би имал некој потреба да земе храна од автоматот преку апликација доколку истиот се наоѓа веднаш до самата личност.

Атари капа со звучници

Од време на време ќе излезе производ за кој ќе сакате да се запрашате „Зошто?“. Оваа капа има вградено Bluetooth звучници. Атари го рекламира овој производ за љубителите на фитнес на кои не им пречи да го споделат својот вкус за музика со светот. Исто така постои и микрофон, кој ви дава можност да имате гласни разговори додека трчате низ паркот и да изгледате уште полудо отколку што би сакале.

Вилушка за тестенини

 

Во Јапонија вшмукувањето на шпагетите претставува комплимент за готвачот, но истото не важи и во западните култури. Затоа од Нисин ја измислија Отохико. Вилушка за намалување на бучавата од вшмукување на шпагетите. Не, ова не е шега и таа чини 130 долари. Вилушката е поврзана со апликација во телефонот и секогаш кога ќе почнете да ги вшмукувате шпагетите таа испушта звук кој самите сте го одбрале.

Самсунг Bixby гласовен асистент

Една од највозбудливите најавувања на Samsung’s Galaxy S8 беше Bixby гласовен асистент со вештачка интелигенција. Наместо само да му кажувате што да направите, Bixby наводно може да ги научи вашите дневни навики и модели и да се прилагоди на вашиот живот. Исто така, ветиле визуелна функција за пребарување која ја користи камерата на телефонот за да купува, идентификува предмети и преведува знаци. Но, не ги исполнија своите ветувања. Првин Bixby задоцни со имплементацијата 3 месеци, а потоа му требало повеќе време за да одговори и на едноставни команди, понекогаш повторувајќи ги истите одговори иако се потребни различни одговори.

Google Pixel слушалки

Овие слушалки би требало да даваат превод на било кој јазик додека се движите и патувате. Првиот недостаток е дека не ја елиминираат бучавата и всушност нема да можете да го слушнете преводот доколку сте надвор, потоа кога ќе побарате некој превод можат едноставно да се исклучат без да дадат одговор. Исто така треба да имате добра интернет конекција за да ги користите.

Hushme гласовна маска за паметни телефони

Не, ова не е маска за кучиња. Ова е Hushme маската која има за цел да го приглуши гласот на личноста која зборува на телефон за да не им пречи на остантите луѓе, а исто така ги спречува и другите луѓе да ги слушаат приватните разговори на личноста која ја користи маската. Но, исто така маската доаѓа и со надворешни звучници кои предизвикуваат звуци на дожд, што ја руши целта на „да не се вознемируваат луѓето.“ Оваа направа чини 189 долари.

Сподели на Facebook
пати видено