Најчесто Викинзите ги замислуваме како бестрашни воини и одлични јавачи со штитови. Иако некои од овие генерални претпоставки се вистинити има и факти кои ќе Ве изненадат.

Биле земјоделци

За разлика од Викинзите во филмовите, во реалноста, голем дел од нив биле земјоделци. Дури и оние кои учествувале во битките или пловеле кон исток и запад, се враќале дома за да уживаат во мирниот земјоделски живот. Кога мажите не биле дома, жените работеле на фармите.

Хигиената била од исклучителна важност за нив

Некои луѓе мислат дека Викинзите биле валкани освојувачи. Но, вистината е дека тие се одржувале личната хигиена на високо ниво. Во денешно време може да ни звучи смешно, но Викинзите се капеле барем еднаш неделно, а во тоа време тоа се сметало за премногу често. Англискиот крал Хенри IV пример, им наредил на витезите да се искапат барем еднаш во животот. Археолошки наоди покажуваат дека Викинзите ги средувале влакната во ушите и носот, користејќи животински коски и рогови.

Викинзите ги почитувале жените

Во средновековна Европа жените често биле потценети и угнетувани. Малку од нив добивале почит и „висока позиција“ во својата татковина. Но Викинзите ги почитувале жените и се однесувале различно со нив од другите Европски народи. Претставничките на понежниот пол оделе заедно со нив на лов, пловеле и јавање коњи, исто како мажите. Некои научници тврдат дека 50% од Викинзите воини биле жени. Голем дел од овие жени биле доста влијателни, токму поради таа своја слобода. Покрај тоа, интересно е дека жените можеле да побараат развод во секое време и без никаков проблем.

Викинзите не биле толку обединет народ

Всушност, тие дури и не се нарекувале Викинзи едни со други. Ова име доаѓа од скандинавците, кои тргнале по стапките на своите предци. За време на викингшкото доба, земјата која сега се наоѓа на местото на Данска, Норвешка и Шведска била населена од бројни племиња кои често војувале меѓу себе. Битките се воделе поради недостаток на земјоделски површини. Секое племе имало различни правила поврзани со кражбите, убиствата и силувањата. Најчесто обвинетиот одговарал пред комисија од 12 члена. Ако комисијата го прогласи за виновен тој требал да плати одредена сума. Навиките и социјалните институции на Викинзите биле по демократски од многу други земји во западниот свет.

Викинзите ја откриле Америка пред Кристофер Колумбо

Ако прашате некого „Кој е открил Америка?“, Тој најверојатно ќе ви одговори Колумбо. Но постојат докази дека Викинзите биле во Америка пред Колумбо. Се смета дека за прв пат Америка ја открил трговец кога тргнал на патување кон Исланд во 896 година. Изгубен во морето поради магла и силни ветрови, тој се нашол на брегот на земја „покриена со шуми“. Тој не останал таму и се вратил дома. Подоцна во 1000 година историјата за овој трговец го инспирира Леиф Ериксон, кој одлучил да купи брод и да се упати во потрага по непознатото. Ако легендата е точна, Леиф пристигнал на брегот на денешна Канада. Постојат бројни докази за тоа. Во 20-тиот век археолози откриле викингшка населба во Њуфаундленд.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено