Зелената самовила. La Fée Verte. Зелената божица. Апсинтот има толку многу прекари како што има и легенди. Но вистината е дека овој алкохолен пијалак е важен и историски еликсир. Од традиционалниот Absinthe Drip до класичниот Sazerac, тој инспирилал уметници, писатели и да, бармени повеќе од 200 години. Тед А. Бреукс, научник и истражувач кој го вратил Апсинтот на полиците во продавниците во Америка ги објаснил митовите поврзани со овој пијалак.

1. Апсинтот предизвикува халуцинации

Одредени производители на Апсент сакаат да го гледате овој производ како „магичен“ но вистината е дека ќе ги гледате истите работи доколку пиете вотка, виски или текила. Истражувањата покажале дека Апсинтот не содржи халуциногени, опијати или други психоактивни супстанции.

2. Апсинтот бил забранет затоа што е халуциноген

Зачи доколку Апсинтот не е халуциноген, тогаш зошто бил забранет низ Европа на почетокот на 20-тиот век? апсинтот станал жртва на сопствената популарност кога француската винарска индустрија барала жртвено јагне за да си ја исполни сопствената агенда. Во реалноста Апсинтот тогаш бил евтина, нечиста верзија на пијалак, произведуван од бескрупулозните производители.

3. Апсинтот во Европа не е вистински

Точно е дека можат да се најдат верзии на Апсинт кои се состојат од вотка обоена во зелена боја, а цените остануваат исти како за оригиналниот Апсинт. Но, ова не значи дека сите марки на Апсинт се лажни, голем дел од нив се прават од основната состојка, пелинот (Artemisia absinthium).

4. Апсинтот е од Чешка

Во почетокот на 1990-тите, по Кадифената револуција, Чешка доби налив на туристи кои биле спремни да платат големи суми за само една чашка апсинт. Вистината е дека апсинтот потекнува од Швајцарија, при крајот на 19-тиот век произведен таму и веднаш над границата во југоисточна Франција.

5. Апсинтот треба да се служи со огнена коцка шеќер

Класичниот метод за служење на апсинтот вклучува бавно капење на вода во пијалокот најчесто над коцка шеќер поставена на специјална лажичка. Но, еуфоријата за огнената коцка се појавила во 1990 години. Коцка шеќер натопена во алкохол се палела со чкорче за да го одвлече вниманието на потрочувачите и да изгледа интересно, но нема врска со подобрување на неговиот вкус.

Сподели на Facebook
пати видено