Прабабата, Џеки Пејџ, од Лондон открила дека во изминатите 64 години денот не ѝ поминува без 4 лименки од познатиот газиран пијалок, Пепси. 77- годишната Џеки почнала да пие Пепси како замена за течности, кога наполнила 13 години во 1954 година.

И покрај конзумирањето на еквивалент од три милиони шеќерни коцки, мајката од четвори деца инсистира дека таа отсекогаш била слаба, во форма и здрава.

Она што исто така е необично е фактот дека Џеки сака да пие Пепси само од лименка и никогаш не пие од шише. Таа вели: „Јас не го нарекувам ова зависност. Тоа е само нешто што го сакам и не можам да го спречам тоа бидејќи не ми се допаѓа ништо друго. Некои луѓе може да мислат дека е чудно, но не ми е гајле. Го пијам секој ден од 1954 година. Дали сум зависник од кофеин или не, не знам. Но имам 77 години и досега преживеав.“

Џеки вели дека пие една лименка Пепси веднаш штом ќе стане од креветот и дека не пие алкохол и затоа секогаш го порачува омилениот пијалок кога ќе излезат на вечера. Таа никогаш не сакала да пие вода или млеко, а мирисот на чај и кафе го смета за „одвратен“.

Најголемата обожавателка на Пепси изјавила дека во младоста пиела малку лимонада, но никогаш не уживала вистински во пијалокот, додека не го открила Пепси, кој тогаш се продавал во стаклени шишиња.

„Повеќето од моите пријатели во тоа време пиеја Кока-Кола. Одевме во барови и сите пиеја Кока-Кола, а јас Пепси. Се отвори еден бар во 1950-тите во местото каде што живеев и имаа Пепси во стаклени шишиња. Кога излегоа лименките со Пепси, повеќе ми се допаднаа и не сакав да пијам Пепси од шише.“, вели Џеки.

Џеки вели дека таа не им дозволувала на нејзините деца да пијат од нејзиното Пепси, а сега нејзините осум правнуци и 11 внуци, исто така се свесни дека треба да ги држат рацете подалеку од омилениот пијалок на баба.

Сподели на Facebook
пати видено