Што да правите кога вашата девојка е хардкор фан на Хари Потер? Ѝ правите метла Нимбус 2000 од ништо, се разбира! Џаред Вајсмен, инженер од Вирџинија, САД, го стори токму тоа за неговата девојка Шелби Стајн, со која се заедно пет години. За да го направи му биле потребни три седмици.

За рачката употребил бор, а долниот дел е направен трска за кошници и нивната форма дополнително ја зацврстил со кругови од стиропор. Волшебната метла својот сјај го добила со завршница во махагони и слој од полиуретански лак. На крајот, човекот го насликал и истото лого „Nimbus 2000“ на врвот.

„Беше завиткана во кафеава хартија и коноп, исто како во филмот кога Хари ја прима во Големата Сала од неговиот був Хедвиг“, раскажува Шелби. „По самиот облик знаев штое, и се сеќавам само дека бев толку возбудена, што дури се разплакав! Мојата пештера полека се претвора во пештера на фан на Хари Потер.“

хп01 хп02 хп03 хп04

Сподели на Facebook
пати видено